Додадете ги овие две состојки во вашето смуди за да останете во топ форма!

Додадете ги овие две состојки во вашето смуди за да останете во топ форма!

Смудито е едноставно незаменливо кога станува збор за здрава исхрана бидејќи е практично, лесно се прави и содржи многу хранливи материи кои ни се потребни. Доколку, пак, сакате да го искористите и за одржување на телото во топ форма, можете да додадете во него ѓумбир и зелен чај.

Додадете ги овие две состојки во вашето смуди за да останете во топ форма!

Ѓумбир

Ѓумбирот го стимулира метаболизмот и ги согорува калориите. Го контролира апетитот и го намалува чувството на глад и може значително да ги намалите мастите во вашето тело. Можете да го комбинирате со овошје како банани, ананас и јагоди. Додадете течност, како јогурт или сок од портокал и измешајте додека смесата не стане хомогена.

Зелен чај

Зелениот чај содржи антиоксиданси кои го забрзуваат метаболизмот и ги топат мастите. Со текот на времето, согорувањето маснотии и поголемата потрошувачка на калории може да го намалат салото во пределот околу стомакот.
Ако не сте сигурни како да го вклучите зелениот чај во вашите рецепти за смуди, можете да започнете со мача во прав. Можете да употребите бадемово млеко, зрели банани, малку мед како засладувач и секако квалитетна мача во прав. Можете исто така да користите сварен зелен чај како течност наместо мача во прав и да вклучите состојки како авокадо и спанаќ за супер здрав пијалак од зелен чај.

Иако зелениот чај и ѓумбирот можат да бидат корисни, сепак овие две намирници не се магични состојки кои ќе ви го отстранат вишокот килограми преку ноќ, но се одличен додаток во вашата исхрана.

Откако прочитавте кои состојки треба да ги додадете во вашето смуди ова лето, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 совети за здраво слабеење и фит изглед.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар