Рецепт за највкусниот домашен сладолед со чоколадо!

Рецепт за највкусниот домашен сладолед со чоколадо!

Сладоледот е идеалното освежување во текот на летото, а денес ви споделуваме домашен рецепт за сладолед со чоколадо за кој сме сигурни дека ќе му се допадне на целото семејство!

Рецепт за највкусниот домашен сладолед со чоколадо!

Потребни состојки:

  • 150 грама шеќер
  • 250 милилитри млеко
  • 14 лажички сол
  • 2 лажици какао во прав
  • 3 жолчки
  • 50 грама сечкана чоколада
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги шеќерот, млекото, солта и какаото и загрејте ја смесата во длабок сад на умерена температура со постојано мешање додека смесата не стане течна.

2. Во сад ставете ги жолчките и изматете. Во жолчките ставете околу 125 милилитри од топлата смеса и изматете.

3. Повторно загрејте ја смесата, додека не се згусне, но не ја оставајте да зоврие. Се трга од шпорет, се додава исечканата чоколада и се меша додека не се растопи чоколадото. Истурете ја смесата во сад и ставете ја во фрижидер додека не се излади. Потоа, префрлете го садот во замрзнувач. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и овој лесен рецепт за сладолед со вкус на ванила.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар