Чувството на подуеност може да укажува на недостатокот на овој минерал!
Ако се чувствувате подуени дури и кога не сте јаделе, можно е вашиот организам да се соочува со недостаток на важен минерал… Често се случува надуеноста да се појави после оброк. Тоа обично значи дека сте консумирале одредени намирници кои не се најдобри за вашето тело.
Понекогаш надуеноста може да укаже на одредени медицински состојби. Така, дури и ако сте подуени и кога не сте јаделе, најверојатно вашиот организам се соочува со недостаток на калиум.
Бидејќи калиумот е многу важен минерал, добро е да се внимава на знаците за неговиот недостаток во организмот:
- Необјаснив замор и покрај доволно спиење
- Мускулни грчеви после движење, по ден поминат на нозе, па дури и кога не сте активни
- Чувство на слабост или вртоглавица
- Висок крвен притисок
- Надуеност дури и кога не јадете никаква храна
Најпрвин, неопходно е да направите анализа за да откриете дали станува збор за недостаток на калиум или не. Разговарајте со вашиот лекар кој ќе ви ги даде потребните насоки. Ако откриете дека не внесувате доволно калиум, вклучете ја следната храна во вашите оброци:
- Авокадо
- Банана
- Калинка
- Лубеница
- Спанаќ
- Блитва
- Сладок компир
- Грав
Калиумот можете да го внесете и од одредени додатоци во исхраната, но пред употреба консултирајте се со експерт.
Откако прочитавте за поврзаноста меѓу калиумот и подуеноста, можеби ќе сакате да прочитате и рецептот за овој напиток кој ќе ви ја реши подуеноста на стомакот.
Извор: citymagazine.danas.rs