Како хлорот во базенот може да влијае врз вашето тело?

Сподели

Иако е една од омилените активности во лето, сепак пливањето во базен може да има последици по вашето тело.

Реклама

Познато е дека хлорираната вода ги убива микробите во базенот, обезбедува подобра хигиена и штити од можни инфекции, но сепак хемиското средство за дезинфекција кое се употребува во хлорираната вода може да предизвика одредени несакани ефекти..rn

Сува и иритирана кожа

rnСувата кожа често може да биде предизвикана од присуството на хлор и други хемикалии во водата. Засега не се познати случаи на алергија на хлор, но сепак кожата може да биде исклучително чувствителна, што доведува до реакции како што се:rn

    rn 011

  • сува кожа
  • rn 011

  • чешање
  • rn 011

  • акни
  • rn 011

  • осип
  • rn

rnАко вашата кожа е чувствителна и проблематична, важно е навреме да го напуштите базенот и да внимавате доколку забележите некакви промени.rn

Сува коса

rnОсвен што е штетен за кожата, хлорот не е погоден ниту за косата. Хлорираната вода ги отстранува маслата кои го штитат скалпот, што може да ја направи вашата коса сува и склона кон кршење. Хлорот ги разградува и протеините во косата, поради што косата полесно се крши. Покрај тоа, хлорот може да ја осветли косата.rn

Проблем со дишењето

rnХлорот што се ослободува во воздухот може да биде штетен за респираторниот систем. Високата концентрација на хлор во базените и непроветрените затворени простории може да доведе до проблеми како што се:rn

    rn 011

  • кашлица
  • rn 011

  • напад на астма
  • rn 011

  • течење на носот
  • rn 011

  • иритација на очите
  • rn

rnХлорот во комбинација со други хемикалии може да предизвика чешање, насолзени очи и проблеми со видот.

Проблемите најчесто се јавуваат кај луѓето кои редовно се капат во базен со хлорирана вода. Затоа, важно е да обратите внимание на несаканите ефекти и навреме да реагирате на промените.

Откако прочитавте за несаканите ефекти на хлорот од базенот врз вашето тело, можеби ќе сакате да прочитате и зошто ве печат очите откако ќе излезете од базен.

Извор: citymagazine.danas.rs

Популарно

Може ќе ве интересира