Рецепт за посни бомбици со леблебија: Се топат во уста!
Дали знаевте дека наутот може да биде одлична состојка за колачи? Ви споделуваме рецепт за здрави и посни бомбици кои можете да ги подготвите уште денес!
Потребни состојки:
- 100 грама сварена леблебија
- 100 грама ореви
- 10 свежи урми
- 1 и пол лажица какао во прав
- 1-2 лажици рум
- 40 грама цреши
- 20 грама леблебија
- 2 свежи урми
- 200 грама темно чоколадо
- малку масло
- сечкани ореви
Начин на подготовка:
1. Потопете ги урмите во топла вода половина час пред да почнете со готвење. Сомелете ги оревите, исчистете ги урмите и исечкајте ги во блендер и додадете 3 лажици вода, за да добиете хомогена смеса. Додадете ги леблебијата и румот, па продолжете да ги мешате состојките. Доколку е потребно, додадете уште малку вода. Водата мора да се додава постепено, колку да се сврзе смесата.
2. Потоа додадете какао и половина од количеството ореви мешајте и на крајот додадете ги останатите ореви. Смесата треба да биде кремаста, компактна и густа. Префрлете ја во сад и ставете ја во фрижидер. Во блендер ставете ги исчистените вишни, двете исчистени урми (кои исто така беа во вода) и леблебијата (20 грама), па ситно исечкајте ги.
3. Колачињата можете да ги направите во форма на топчиња, така што во средината ќе ставите малку смеса од вишни, но многу поедноставно и побрзо е да ја намачкате темната смеса на хартија за печење, во форма на квадрат, нанесете ја одозгора смесата со вишни, додадете чоколадо растопено на пареа и посипете со јаткасти плодови. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за рецепт за здрави чоколадни бомбици без шеќер.
Извор: sensa.mondo.rs