Веројатно многупати досега сте почувствувале главоболка и добро ви е познато чувството на висок притисок во главата и болката во слепоочниците која ви носи дополнителна напнатост. Како се справувате во вакви случаи? Најверојатно се затворате во темна просторија, пиете лекови и се обидувате да заспиете чекајќи да помине болката.rnrn
rnrnПостојаните мигрени и главоболки бараат лекарски преглед и консултација со експерти. Но, ако вашето општо здравје е добро, а понекогаш чувствувате главоболка, ви споделуваме едноставен и сосема природен третман кој може да ја олесни вашата болка.rnrnПотребни ви се есенцијални масла и малку вода. Бројните истражувања покажале дека маслата од нане и лаванда се најкорисни за ублажување на главоболката – имаат релаксирачки својства што може да помогнат во ублажување на болката. Само внимавајте да не го нанесете маслото во близина на вашите очи.rnrnАроматерапијата со лаванда може, исто така, да биде и ефикасен и безбеден начин за ублажување на главоболката. Нанесете мала количина од маслото на дланките, протријте ги рацете, а потоа вдишете го мирисот.rnrnОсвен етерични масла, доколку се соочувате со главоболка, можете да користите ладна облога, но неопходно е и да внесувате доволно количество вода секој ден, бидејќи дехидратацијата е една од најчестите причини за главоболка.rnrnОткако го прочитавте нашиот совет за справување со главоболката, можеби ќе сакате да прочитате и за овие 8 техники за масирање што ја ублажуваат главоболката.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Природен лек за брзо и ефикасно справување со главоболката!
