Што е она што ве спречува да го живеете животот што го заслужувате? Не заборавајте дека ниту една ситуација, ниту една личност, ниту еден настан немаат моќ да ве натераат да се чувствувате лошо – освен ако вие не дозволите!rnrn
rnrnКога сакаме да бидеме посреќни, побогати или сакаме да ги подобриме нашите животи на еден или друг начин – бараме нови начини да ги исполниме нашите животи. Усвојуваме нови навики, се стекнуваме со нови вештини, купуваме нови книги или облека. Сепак, се чини дека кога се опкружуваме со старите познати работи, се чувствуваме посигурни. Но, наместо да собираме работи кои нè прават среќни, зошто да не се откажеме од некои работи кои повеќе не ни служат?rnrnПрочитајте во продолжение од кои работи треба да се откажете, почнувајќи од денес:rn
1. Откажете се од изговорите
rnКога ќе погледнете наназад во вашиот живот, колку пати сте почувствувале дека изговорите ве оддалечиле од вашите соништа? Многумина од нас користат изговори секој ден бидејќи нивното користење прави да се чувствуваме „безбедни“.rn
2. Престанете да ги обвинувате другите
rnВашиот живот е само ваш и само вие сте одговорни за вашиот живот и за вашата среќа. Престанете да ги обвинувате другите луѓе за состојбата на вашите чувства и живот.rn
3. Престанете да се жалите
rnНаместо постојано да се жалите, обидете се да почнете да размислувате позитивно. Ќе сфатите дека понекогаш е доволно да ја смените перспективата за одредени нешта и затоа немојте никогаш да ја потценувате моќта на позитивното размислување!rn
4. Откажете се од потребата да бидете во право
rnДа, никој не сака да греши – тоа е една од лошите особини на егото – особина што може да ги стави луѓето под екстремен стрес, па дури и да ги загрози нивните односи. Следниот пат кога ќе почувствувате потреба да се расправате, само запрашајте се дали сето тоа воопшто вреди доколку вие самите не сте ја направиле вистинската работа.rn
5. Престанете да контролирате
rnОткажете се од вашата потреба да контролирате сè што се случува со вас и околу вас. Вашето внимание треба да биде во сегашниот момент и никаде на друго место, фокусирајте се на сегашниот момент и ќе видите колку подобро ќе се чувствувате.rn
6. Откажете се од потребата да им угодувате на другите
rnОслободете се од потребата да им угодувате на другите. Престанете да се обидувате да им угодувате на другите луѓе и почнете да размислувате за тоа што сакате.rn
7. Ослободете се од стравот
rnНе дозволувајте стравот да ве спречи бидејќи вие сте способни за големи, чудесни работи.rn
8. Оставете го минатото
rnПолесно е да се каже отколку да се направи, но наместо да размислувате за минатото, почнете да го живеете сегашниот момент. Понекогаш е примамливо да копнеете по минатото и посреќните времиња, но ако го правите тоа, го пропуштате единственото нешто што е важно во животот – овде и сега.rnrnОткако прочитавте од кои работи треба да се откажете уште денес, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да ги сфаќате лично работите.rnrnИзвор: atma.hr
