КАФЕ ПАУЗА

Пештери Нерја: „Најстарата“ туристичка дестинација во Европа!

Пештери Нерја: „Најстарата туристичка дестинација во Европа!

Европскиот туризам, мора да се признае, е прилично стар. Градовите Венеција и Рим ја имале репутацијата на најпосетени туристички дестинации уште во 18 век, а во 19 век, пак, Париз, како центар на модата, бил омилената дестинација за американската елита. Сепак, ниту еден од овие градови не може да се спореди со пештера во јужна Шпанија што, како што пренесува CNN, била посетувана уште пред 40 илјади години.rnrnПештери Нерја: „Најстарата туристичка дестинација во Европа!rnrnПештерите Нерја кои се протегаат во должина од околу 5 километри, се наоѓаат во близина на Нерја (веднаш до Малага) во Андалузија. Тие се познати по нивните сталактити и сталагмити, а откриени се во 1959 година за прв пат по илјадници години од страна на пет пријатели кои барале лилјаци.rnrnДенес, посетителите можат да одат на 45-минутна тура и да уживаат во прекрасната глетка од сталактити, сталагмити и други видови на спелеотеми.rnrnНо, пред неколку илјади години, посетите имале повеќе спиритуален карактер за разлика од денес. Досега во пештерите се откриени 589 праисториски слики (посетителите не можат да ги посетат овие области од конзерваторски причини), а просториите се користеле и за погребни обреди. Истражувачите сметаат дека во овие пештери луѓето доаѓале на „аџилак“ пред повеќе од 40 илјади години!rnrnВо текот на истражувањето биле користени најсовремени техники за датирање со јаглерод – нешто што досега не се користело во пештерите. На тој начин, истражувачите можеле да ја одредат староста на јагленот на земјата, кој останал како резултат од пожари како и од факелите со кои посетителите си го осветлувале патот.rnrnВо текот на истражувањето биле пронајдени и докази за праисториски посетители, за кои досега се сметало дека не оставиле поголема трага во Шпанија.rnrnОткако прочитавте за најстарата туристичка дестинација во Европа, можеби ќе сакате да прочитате и за светлечките пештери на Нов Зеланд.rnrnИзвор: cnn.com