Кои 3 работи можат да го забрзаат биолошкото стареење?

Кои 3 работи можат да го забрзаат биолошкото стареење?

Во некои случаи, „биолошката возраст“ која ги одразува знаците на опаѓање на функциите на нашите клетки и ткива поврзани со возраста, не се зголемува пропорционално со нашата хронолошка возраст. Наместо тоа, ново истражување покажало дека биолошкото стареење може да се забрза за време на стресни настани, а потоа да се смени по тие настани.

Кои 3 работи можат да го забрзаат биолошкото стареење?

Постојат мерливи биолошки маркери кои се засноваат на промените во функцијата на клетките поврзани со стареењето, а овие маркери може да се појават за време на стрес, но потоа да исчезнат за време на закрепнувањето. Научниците откриле дека врската помеѓу биолошката возраст и хронолошката возраст е донекаде флексибилна.

Меѓународен тим истражувачи од универзитетите Харвард и Калифорнија идентификувале маркери на биолошко стареење кои се зголемуваат по стресни настани како што се сериозни инфекции, операции и бременост.

Епигенетските промени може да ги рефлектираат начинот на живот на пациентот и факторите на животната средина како што се недоволна неисхранетост, инфекција или стрес/траума во детството или подоцна во животот.

Примероците на крв од постари пациенти со траума кои биле подложени на итна операција укажуваат на зголемување на биолошките маркери за возраст, но интересно е што тие се вратиле на основните вредности една недела по операцијата.

Откако прочитавте за резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате и да откриете колку сте здрави со помош на овие 5 лесни тестови.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар