Претходно
Топла мока од карамела
Прекрасен напиток кој ќе ве загрее во овие студени денови…Потребни состојки:
- 150 мл топло инстант кафе
- 30 мл сируп од карамела
- 20 мл чоколаден сируп
- 50 мл млеко
- шлаг
Начин на подготовка: Топлото кафе и сирупите од карамела и чоколадо помешајте ги и ставете ги на загреана рингла. Убаво мешајте ги додека состојките не се соединат. Згуснатото кафе сипете го во шолја, одозгора додадете го млекото, а декорирајте со шлаг и карамела.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.