Овој вид млеко може значително да го намали ризикот од покачен холестерол!
Верувале или не, медицинската употреба на магарешкото млеко е забележана уште од античко време во некои делови на Индија и Африка, а се користело и во Стара Грција. По својата структура најмногу наликува на човечкото, односно мајчиното млеко, па затоа се користело во првите денови од животот на доенчињата, но и во подоцнежниот период како замена за мајчиното млеко.
Инаку, ова млеко може да се користи свежо и важно е да се знае дека не треба да се обработува термички, односно да се готви на температури повисоки од 40 степени.
Направени се и многу истражувања кои тврдат за благотворното дејство на магарешкото млеко врз кожата.
Ова млеко е погодно и се препорачува за сите групи на потрошувачи бидејќи содржи многу мал дел од млечни масти (0,3-0,8 проценти). Заситените масни киселини се присутни со околу 67,5 проценти, а незаситените со 32,5 проценти. Овој распоред на масни киселини има одличен ефект врз нашиот имунолошки, кардиоваскуларен и нервен систем.
Магарешкото млеко содржи повеќе железо од мајчиното млеко, како и фосфор и калциум. Помага при бронхитис и го штити дигестивниот тракт од инфекции како и ги штити цревата од воспалителни болести. Освен тоа, поради ниската содржина на маснотии, магарешкото млеко дава добри резултати во превенцијата и контролата на зголемувањето на холестеролот и лекувањето на артериосклероза.
Истражувањата потврдиле дека децата кои се алергични на протеини од кравјо млеко можат да консумираат магарешко млеко. Се разбира, никогаш не експериментирајте без стручни совети и претходна проверка. Освен тоа, истражувањата покажале дека консумирањето на магарешко млеко благотворно делува не само на децата туку и на сите преостанати, од тинејџери до стари лица.
Откако прочитавте за здравствените придобивки од магарешкото млеко, можеби ќе сакате да прочитате и за мрачната тајна за бадемовото млеко – добро размислете пред да го пиете.
Извор: citymagazine.danas.rs