Иако водата се смета за најздрав и во исто време најдобар напиток за хидратација, научниците докажале дека сепак постои напиток кој повеќе го хидрира телото отколку водата.rnrn
rnrnИстражувањето спроведено од страна на шкотски универзитет дошло до заклучок дека обичната и минералната вода се добар избор, но според новите наоди млекото е уште подобар.rnrnСпоред Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет Сент Ендрјус и автор на студијата, еден од факторите е количината на одреден пијалак како и неговиот нутритивен состав.rnrnИстражувањето докажало дека млекото хидрира повеќе од обичната вода бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.rnrnИстото може да се каже и за растворите за орална хидратација што се користат за лекување дијареја. Тие содржат мали количини на шеќер, како и натриум и калиум, кои исто така можат да помогнат во процесот на задржување на водата во телото.rnrnОткако прочитавте за резултатите од најновите истражувања, можеби ќе сакате да прочитате и која храна содржи повеќе калциум од млекото.rnrnИзвор: cnn.com
Кој пијалак е најдобар за хидратација на организмот? Не, не е водата!
