КАФЕ ПАУЗА

Во кој град петдневниот престој ќе ве чини „само“ 165 евра?

Во кој град петдневниот престој ќе ве чини „само“ 165 евра?

Њу Делхи во Индија е најевтината туристичка дестинација според анализата на британскиот туристички портал по име „Traveler’s elixir“, кој пресметал дека за петдневен престој во овој град потребни ви се околу 165 евра.rnrnВо кој град петдневниот престој ќе ве чини „само“ 165 евра?rnrnПросечните цени за сместување во Делхи се исклучително ниски – за ноќевање во хотел со три ѕвезди ќе ви требаат околу 17 евра, а во хотел со пет ѕвезди 169 евра. За споредба, за ноќевање во просечен хотел со пет ѕвезди во Монако ќе треба да одвоите шест пати поголема сума – околу 1100 долари.rnrnДелхи има долга историја што може да се види од неговата неверојатна архитектура. Не смеете да ги пропуштите Црвената тврдина, споменикот Кутуб Минар и гробот на Хумајун. Згора на сè, треба да ја пробате локалната кујна, која е со многу разумна цена.rnrnПорталот ја изготвил листата со најповолните туристички дестинации врз основа на цените на просечното сместување, храната, јавниот превоз во местото на живеење и туристичките атракции. Земјите се рангирани врз основа на просечната цена за петдневен престој на едно лице во одреден град.rnrn1. Делхи, Индија, 165 евра за петдневен престојrnrn2. Пном Пен, Камбоџа, 205 евра за петдневен престојrnrn3. Катманду, Непал, 209 евра за петдневен престојrnrn4. Тбилиси, Грузија, 227 евра за петдневен престојrnrn5. Меделин, Колумбија, 232 евра за петдневен престојrnrn6. Хо Ши Мин, Виетнам, 236 евра за петдневен престојrnrn7. Чианг Маи, Тајланд, 260 евра за петдневен престојrnrn8. Каиро, Египет, 263 евра за петдневен престојrnrn9. Луанг Прабанг, Лаос, 265 евра за петдневен престојrnrn10. Бангкок, Тајланд, 266 евра за петдневен престојrnrnОткако прочитавте за најевтините туристички дестинации во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за 17-те популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr