4 совети за ноќна нега на вашата кожа!

4 совети за ноќна нега на вашата кожа!

Кога вашата кожа е екстремно сува или дехидрирана, не можете само да се потпрете на ноќниот крем и да очекувате дека ќе ја врати влажноста на вашето лице. Секако, ноќниот крем помага во хидратацијата на кожата, но наутро најверојатно вашата кожа ќе биде повторно сува.

4 совети за ноќна нега на вашата кожа!

Еве четири практични препораки кои можете да ги испробате вечерва за вашата кожа да блеска наутро.

1. Чистењето со пена заменете го со масло

Средството за чистење на лицето на база на масло е еден од наједноставните начини за зголемување на внесот на влага во негата на кожата. Покрај тоа што ја отстранува водоотпорната шминка, нечистотијата и маснотијата од вашата кожа, ја навлажнува вашата кожа многу повеќе во споредба со геловите и пените кои често содржат синтетички состојки за сушење како SLS.

2. Нанесување крем на влажна кожа

Сè што треба да направите е да го нанесете вашиот серум или хидратантна крема на влажна кожа. Идеално би било да користите навлажнувачки тоник кој ја навлажнува кожата и овозможува вашиот хидратантен крем подобро да навлезе во кожата. Доколку немате тоник, измијте го лицето со млака вода, исушете го лицето со крпа оставајќи го малку влажно, а потоа нанесете го серумот.

3. Слоевита хидратација

Популарното раслојување на производите еден врз друг, исто така, може да додаде повеќе влажност на вашата кожа. Но за да избегнете грешки, а за максимално да ја искористите моќта на хранливите препарати, основното правило е да нанесувате слоеви од најтенки до најдебели. Започнете со тонер и серум, а потоа преминете на крем.

4. Не занемарувајте го влијанието на сонот

Кожата природно се обновува во текот на ноќта, па ниту еден крем не може да го замени квалитетниот сон. Обидете се да спиете седум до осум часа за да спречите појава на подочници, но и за кожата да има време да се регенерира и да ги залечи штетите предизвикани во текот на денот.

Откако ги прочитавте нашите совети заа ноќна нега на кожата, можеби ќе сакате да прочитате и 5 совети за здрава и блескава кожа во 2023 година.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар