Дали знаевте дека надежта има и негативна страна?

Дали знаевте дека надежта има и негативна страна?

Дали често поставувате големи очекувања и се надевате на најдоброто, па се разочарувате кога работите не излегле според планираното? Ако е така, можеби паѓате во т.н. замка на надежта.

Дали знаевте дека надежта има и негативна страна?

Надежта може да биде одличен мотиватор, но има и негативни страни за кои честопати не сме свесни. Таа има две карактеристики – едната е нејзината моќ да нè инспирира и мотивира, а другата е нејзиниот потенцијал да нè заслепи за реалноста.

Многубројни истражувања покажале дека кај луѓето со голема надеж била поголема веројатноста да доживеат негативни емоции, како што се разочарување и фрустрација секогаш кога ќе се соочат со неуспех.

Кога ставате премногу акцент на надежта, ризикувате да го игнорирате нејзиното негативно влијание, избегнувајќи ја напорната работа што е потребна за да се подобрат работите. Станувате толку фокусирани на идејата за подобра иднина што заборавате да преземете акција во сегашноста.

Освен тоа, кога премногу се надевате, почнувате да верувате дека успехот е неизбежен, па затоа не вложувате онолку напор или работа колку што треба.

Друго истражување покажало дека 44% од студентите со големи очекувања го напуштиле факултетот пред да дипломираат, во споредба со само 12% од студентите со помали очекувања.

Тоа било така затоа што студентите од првата група имале нереални очекувања за нивните академски способности и било поверојатно да ги одолговлекуваат и занемаруваат студиите наместо да работат на своите цели.

Запомнете, надежта не е единствената емоција што може да нè мотивира. Стравот, гневот, па дури и тагата, исто така, можат да нè поттикнат на акција и да инспирираат значајни промени. Kако можете да ја задржите надежта без да станете жртва на нејзините негативни последици?

Одговорот е едноставен: рамнотежа.

Треба да ја балансирате вашата надеж со здрава доза на реализам. Исто така, важно е да се преземе акција во сегашноста. Наместо да поставувате високи очекувања, бидете реални за тоа што можете да постигнете.

На пример, ако сте во токсична врска, побарајте совети и поддршка од блиските кои ќе ви помогнат да заминете и да продолжите понатаму. Ако не можете да пронајдете работа, преземете чекори за да ги подобрите вашите вештини и да се поврзете со луѓето кои веќе постигнале успех во вашата кариера.

Поставете си цели кои се предизвикувачки, но и остварливи. Со тоа, поголема е веројатноста да постигнете успех и да избегнете разочарување.

Откако прочитавте за негативното влијание на надежта, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те начини за справување со чувството на безнадежност.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар