КАФЕ ПАУЗА

Не сме уморни од животот туку од разочарувањата и повредите!

Не сме уморни од животот туку од разочарувањата и повредите!

Written by

in

,

Не сме уморни од животот, уморни сме од разочарувањата, повредите и предавствата на другите, уморни сме од нечовечкото однесување на кое луѓето се навикнати да ги решаваат работите.rnrnНе сме уморни од животот туку од разочарувањата и повредите!rnrnУморни сме од самосожалување во кое се гледаме само како жртви на околностите без никаква можност самите да смениме нешто. Уморни сме од постојаните стравови дека ќе паднеме, ќе изгубиме, ќе бидеме изманипулирани, напуштени без можност да видиме подобро утре.rnrnНе сме уморни од животот, уморни сме да се враќаме назад, постојано да гледаме во минатото, се сеќаваме на подобрите денови кои никогаш повеќе нема да се повторат.rnrnУморни сме од чувството дека секогаш ни недостасува нешто за да бидеме целосни, среќни и силни. Уморни сме од зборовите што сме ги кажале, а кои не ни донеле ништо добро; уморни сме да очекуваме дека утре животот ќе биде подобар.rnrnНе сме уморни од животот, уморни сме да им докажуваме на другите дека сме во право, да ги докажуваме нашите идеи, соништа и убедувања. Уморни сме од чувството на инфериорност, недостатокот на лојалност кон себе, вознемиреноста, загриженоста и други чувства кои нè натераа да потонеме и да се запрашаме дали животот вреди да се живее. Уморни сме од повторување на истите грешки одново и одново без да ги научиме лекциите кои тие ни ги пружат.rnrnНе ни е доста од животот, ние сме желни за живот, желни сме за тие убави чувства, желни за внимание, нежност, убави зборови, желни некој да каже дека нè сака. Сакаме да се потпреме на нечие рамо, да слушаме нечиј глас и да слушаме нечие срце бидејќи тоа е единственото нешто за кое вреди да се живее!rnrnДоколку сакате да откриете како да го подобрите вашето ментално здравје, можеби ќе сакате да ги прочитате и 4-те правила кои ќе ви помогнат да го живеете животот онака како што вие посакувате.rnrnИзвор: atma.hr