Кратката прошетка после јадење од околу само две минути може да помогне во намалувањето на нивото на гликоза во крвта и со тоа да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2.rnrn
rnrnИстражувањето спроведено на Универзитетот во Лимерик во Ирска исто така покажало дека најдобро време е да се отиде на прошетка во рок од 60 до 90 минути по јадење. Во овој период, нивото на гликоза во крвта е на максимално ниво. Дополнително, ова истражување покажало и дека прошетката после оброк дава дополнителни придобивки, особено ако е подолга.rnrnИмено, после оброк, гликозата се ослободува во крвотокот, што резултира со мало покачување на нејзиното ниво во крвта. Иако малите скокови не се абнормални, одржувањето на нормалното ниво на гликоза е од суштинско значење во управувањето со дијабетесот, а мускулите се оние кои го апсорбираат вишокот на гликоза од крвотокот. Прошетката после вечерата исто така ослободува серотонин, кој придонесува за подобро спиење, го регулира апетитот, го поттикнува позитивното размислување и ја подобрува меморијата.rnrnПрошетката после јадење има многу придобивки. Без разлика дали имате висок крвен притисок или дијабетес, кратката прошетка по оброкот ќе го подобри вашето целокупно здравје преку:rn
- rn 011
- регулирање на функцијата на цревата
- оптимизација на лимфниот систем
- подобрување на циркулацијата
- ослободување на „хормонот на среќата“.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnВажно е пешачењето да ви биде удобно и да стане вашата омилена активност, па дури и забава.rnrnОткако прочитавте за придобивките од пешачењето по секој оброк, можеби ќе сакате да прочитате и дали пешачењето може да го замени вежбањето.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr
