Патување со трамвај до плажа: Доколку патот ве однесе накај овој остров

Патување со трамвај до плажа: Доколку патот ве однесе накај овој остров

Жителите на Лисабон, Сан Франциско или Мелбурн знаат колкав шарм можат да му дадат на градот старите трамваи.

Патување со трамвај до плажа: Доколку патот ве однесе накај овој остров

Иако секој трамвај е посебен на свој начин, многумина ќе се согласат со тоа дека најневообичаениот се наоѓа во Маљорка, најголемиот остров во Шпанија и дел од архипелагот Балеарски Острови. Во градот Солер може да се прошетате со трамвај од морето до планината за половина час. Пуштен во употреба во 1913 година, трамвајот во Солер е повеќе од само атракција. Во минатото, жителите на гратчето патувале со трамвај до пристаништето и до плажите.

Можете да го започнете патувањето со трамвај од станицата која го поврзува главниот плоштад со градскиот пазар или пак да го почекате трамвајот во сенката на чинарот, пред влезот во историската зграда на железничката станица. Возејќи низ градот, ќе поминете покрај многубројните плоштади, а ќе можете и да ги видите градското собрание и црквата посветена на Свети Вартоломеј.

Откако прочитавте за трамвајот во ова мало гратче, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 шпански градови вреди да ги посетите барем еднаш во животот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар