Рецепт за оригинално ирско кафе

Рецепт за оригинално ирско кафе

Дали сте го пробале ирското кафе? Станува збор за кремаст напиток кој може да ви го зголеми нивото на енергија и е идеален за дружбите во текот на свежите вечерни часови. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт.

Рецепт за оригинално ирско кафе

Потребни состојки:

  • 2 лажички кафеав шеќер
  • 120 милилитри сварено кафе
  • 45 милилитри ирско виски
  • 30 милилитри шлаг

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја чашата за ирско кафе. Можете да го направите тоа со истурање топла вода во чашата додека ги подготвувате другите состојки или со загревање во микробранова печка 10 секунди.

2. На дното на загреаната чаша ставете шеќер. Истурете го топлото кафе и вискито и мешајте додека не се раствори шеќерот.

3. Внимателно додајте го шлагот во кафето. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за ирско кафе, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за кафе со банана.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар