Меркур во Овен до 4 април: Време е за акција!

Меркур во Овен до 4 април: Време е за акција!

Меркур влезе во знакот Овен, па до 4 април ќе ни донесе енергија, одлучност и можност за акција. Меркур во Овен ќе им стави крај на лажењето и чекањето.

Меркур во Овен до 4 април: Време е за акција!

Освен тоа, Меркур во Овен, не е најрационален, но е конкретен и директен – па кој греши, кој е во право, нему не му е важно! Се карактеризира со одлучувачки, непосреден и директен карактер. Нема „можеби“, туку само „да“ или „не“! Луѓето отворено ќе ви кажат што мислат и зошто, па ако ги сакате суровите факти, прашајте ги за мислење. Ако не сте спремни да слушнете искреност, која понекогаш се граничи со грубост, не прашувајте ги ништо!

Кога Меркур транзитира во знакот Овен, сè (сообраќај, комуникации, перцепција, договори, бизнис) се забрзува! Ако претходниот месец бевме изнемоштени и чекавме нешто, сега одлучуваме. Се откажуваме од одредени идеи затоа што бараат време, кое го немаме, и бараме други кои ни нудат конкретни решенија.

Меркур во Овен ќе ни донесе дискусии и врева. Многумина ќе зборуваат за работите што ги терале да страдаат. Некои ќе се расправаат со шефот, други со братот или соседот. Но, едно е сигурно – нема да бидеме исти како што сме биле досега.

Спортистите и сите вработени во спортската индустрија ќе профитираат во бизнисот, ќе се продаваат брзи, спортски автомобили и технологија која ни помага да ја забрзаме нашата секојдневна работа.

По влегувањето во знакот Овен, многу правни одлуки брзо ќе бидат донесени. Ова ќе биде и период на забрзување на конфликтите и отворените непријателства во меѓународните односи.

Од 26 март, Марс го менува знакот и преминува во Рак, па можни се семејни проблеми, ескалација на семејно насилство и слично. Истиот период ќе биде проблематичен во поглед на сообраќајот, а жртви можат да бидат најмладите членови на семејството.

Од 26 март до 4 април, Меркур во Овен и Марс во Рак можат да донесат стомачни проблеми и главоболки. Во поглед на љубовта, отворено ќе покажеме што е тоа што ни се допаѓа, а што не. Астролозите нè советуваат да го искористиме времето за акција, а не за убедување!

Откако прочитавте за влијанието на Меркур во Овен, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар