5 работи што можете да ги направите наместо да се споредувате со другите!
Иако повеќето од нас се трудат да не го прават тоа, секој од нас во еден момент во животот се нашол во ситуација да се споредува со другите. Во продолжение прочитајте ги нашите 5 ефективни стратегии кои ќе ви помогнат да престанете да се споредувате со другите и да ја зацврстите вашата самодоверба.
1. Поврзете се со вашето вистинско јас – и научете да се сакате себеси
Поврзете се со себе и сакајте се – тогаш се случува магијата. Вие сте токму онакви какви што сте наменети да бидете. Вие сте совршени и неверојатни токму такви какви што сте. Никој на оваа планета никогаш не бил баш како вас, и никој во иднина нема да биде баш како вас. Затоа, не дозволувајте некој друг да ве натера да размислувате поинаку. Ставете им крај на мислите дека би сакале да бидете повеќе како другите.
2. „Јас сум токму онаму каде што треба да бидам“
Универзумот точно знае со што можете да се справите и вашата интуиција потсвесно ви го кажува и тоа – па верувајте во тоа. Не размислувајте каде сè уште не сте или што сè уште не сте постигнале. Наместо тоа, ценете ја сегашноста.
3. Имајте јасна визија за тоа во кој правец сакате да се движите
Колку ви е појасно за тоа каде сакате да одите, толку ќе ви биде полесно да се откажете од споредбите. Ќе бидете помалку љубоморни слушајќи ги успешните приказни на другите луѓе, бидејќи ќе знаете дека она што тие го прават не е дел од визијата што ја имате за себе.
4. Ограничете го вашето време на социјалните мрежи
Социјалните медиуми понекогаш само ве прават уште понервозни особено ако се чувствувате уморни или неспособни. Запомнете дека социјалните мрежи покажуваат многу мал дел во поглед на она што вистински се случува во животот на луѓето – не нивните предизвици, туку нивните успеси, не нивните фрустрации, туку нивните аспирации.
5. Не го споредувајте својот живот со другите
Понекогаш, потребни ви се луѓе во животот кои се успешни и кои на тој начин ќе ве мотивираат да продолжите понатаму. Но, дали сте размислувале за тоа колку долго и напорно работеле за да стигнат до местото каде што се денес? Затоа, нека вашите ментори и тренери ви бидат инспирација и продолжете да се борите!
Откако ги прочитавте нашите стратегии кои ќе ви помогнат да престанете да се споредувате со другите, можеби ќе сакате да ги прочитате и 4-те причини зошто не е добро да се споредувате со другите.
Извор: themindsjournal.com