Како да престанете да им угодувате на другите?

Како да престанете да им угодувате на другите?

Дали некогаш сте се нашле во ситуација да бидете принудени да кажете „да“ кога повеќе би сакале да кажете „не“ само поради тоа што сакате да им угодите на другите?

Како да престанете да им угодувате на другите?

Статистички гледано, тенденцијата за угодување е поизразена кај жените отколку кај мажите. Студијата од 2010 година покажала дека 54 проценти од жените трпат поголеми негативни ефекти и врз менталното и физичкото здравје поради оваа тенденција, во споредба со 40 проценти од мажите.

Во продолжение прочитајте како да почнете помалку да им угодувате на другите и повеќе да се грижите за себе.

1. Не нудете несакани совети, насоки или стратегии за решавање проблеми освен ако не ве прашаат.

Ние имаме тенденција за вакво однесување со надеж дека ќе им помогнеме на другите. Меѓутоа, ако нашите совети и насоки се игнорираат, тоа може да создаде фрустрација и незадоволство кај нас.

2. Вежбајте да не кажувате „да“ кога сакате да кажете „не“.

Ова создава внатрешна напнатост, намалување на самопочитта, како и проблеми во врската и односите со другите.

3. Не сте одговорни за среќата на другите.

Чувството на одговорност за среќата на другите луѓе го попречува нашето сопствено задоволство. Треба да бидеме способни и одговорни како поединци за сопственото лично задоволство.

4. Ако се чувствувате искористени од другите, разговарајте со нив.

Тоа е најдобриот начин за зачувување на односите. Користете ги изјавите од типот „јас“ за да доставите до знаење дека преземате одговорност за чувството на огорченост и дека не ја префрлувате вината на некој друг за вашите чувства. Ако мислите дека луѓето сакаат да бидат околу вас затоа што сте онакви какви што сте, а не поради сето она што можете да го направите за нив, ќе развиете поголема самодоверба.

5. Бидете искрени со себе и избегнувајте да ја докажувате својата вредност на клиентот или претпоставениот.

Верувајте во сопствената вредност наместо да се обидувате постојано да угодувате. Обидот прекумерно да му угодите на претпоставениот може да има контраефект. Тоа може негативно да влијае на нивниот став за вас и да ја намали вашата самопочит.

6. Само еднаш извинете се за грешката.

Не можеме постојано да им угодуваме на луѓето. Ние сме луѓе, а не роботи. Грешките се ненамерни, а ние учиме од нив.

7. Спречете го импулсот за предвидување на туѓите потреби – освен ако тоа не е побарано од вас.

Можеби чувствувате дека сте љубезни и дарежливи, но ако тоа не ви биде возвратено подоцна, тоа може да поттикне незадоволство кај вас.

Откако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и зошто животната цел на жената не е само да им угодува на другите.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар