Месечен хороскоп за март 2023 година

Месечен хороскоп за март 2023 година

Прочитајте кои ќе бидат најважните астролошки аспекти во март според астролозите!

Месечен хороскоп за март 2023 година

7-8 март – Полна месечина во Девица

Полната месечина во Девица доаѓа на почетокот на еден неверојатно напорен и енергичен месец, давајќи ни ја потребната доза енергија и поттикнувајќи нè да го бараме еликсирот што ќе ни биде најкорисен во моментот. Ова е време кога грижата за себе е најважна. Така, ќе почувствуваме потреба да го исчистиме нередот и да го организираме нашиот простор.

7-8 март – Сатурн во Риби

Станува збор за еден од најважните астролошки настани во 2023 година. Сатурн ја обиколува Водолија од декември 2020 година, но сега ќе го почне транзитот низ Риби, каде што ќе остане до 14 февруари 2026 година. Неговата енергија ќе ни помогне да научиме одредени лекции и ќе нè подготви за ново патување.

10 март – Јупитер и Хирон во Овен

На овој ден универзумот ќе ни помогне да одиме напред и да го оставиме минатото зад нас. Можеби одеднаш ќе доживееме некакво будење или конечно ќе одлучиме дека повеќе не сакаме да размислуваме за повредите и неволјите од минатото. Не можеме засекогаш да избегаме од нашата болка, но под влијание на оваа енергија конечно ќе ја прифатиме идејата дека треба да продолжиме понатаму со тоа што ќе ја почитуваме нашата болка и ќе дозволиме да нè води напред во посветла иднина.

11 март – Венера во конјункција со Ерис

Ерис е џуџеста планета позната како сестра на Марс. Таа носи смела, огнена и храбра енергија, помагајќи целосно да се манифестира моќта на женскиот дух. Така, ако сакате да добиете повеќе женска енергија во вашиот живот или ви треба поддршка кога станува збор за изразување на вашата женственост, оваа енергија ќе ве насочи кон вистинскиот пат.

15-16 март – Тројна конјукција Сонце + Нептун + Меркур

Сонцето, Нептун и Меркур ќе се усогласат во знакот Риби, создавајќи тројна конјункција. Оваа силна енергија на Рибите може да создаде одредена неодлучност или збунетост кога станува збор за најдобриот начин на дејствување. Од друга страна, оваа енергија може да ја поттикне креативноста. Вежбајте ги своите имагинативни вештини во овој момент со пишување дневник, цртање или размислување за тоа како би изгледал вашиот живот од соништата.

20 март – рамноденица + Сонце во Овен + почеток на астролошката Нова година

Како што Сонцето влегува во Овен, ја започнуваме астролошката Нова година. Ова е фантастично време за нови почетоци. Ако не сте успеале да донесете новогодишни одлуки, оваа енергија е одлично време за почеток! Овој ден ќе помине и во знакот на рамноденицата која го означува почетокот на пролетта на северната хемисфера и есента на јужната хемисфера. Промената на годишните времиња ќе нè поттикне на промени.

21 март – Млада месечина во Овен

Младата Месечина ја следи рамноденицата и почетокот на астролошката Нова година, засилувајќи ја нејзината енергија! Станува збор за нови почетоци. Искористете ја оваа магична енергија за да го постигнете она што го сакате.

25 март – Марс во Рак

Марс конечно го заврши својот транзит низ знакот Близнаци каде што беше од август 2022 година. Ова беше многу, многу долго време Марс да остане во еден знак, така што навистина ги почувствувавме лекциите од спојот Марс-Близнаци. Сега кога Марс се пресели во Рак, завршивме со овие лекции и сме подготвени да продолжиме понатаму! Размислете како вашиот живот се променил од август во однос на чувствата на мотивација, нивото на енергија и начинот на кој им пристапувате на вашите стравови.

30 март – Венера во конјункција со Уран во Бик

Месецот го завршуваме со конјункцијата на Венера со Уран во знакот Бик. Ова ќе ни помогне да воспоставиме здрав однос кон себе, полн со љубов и грижа. Во овој период грижете се за себе и за своето здравје и бидете подготвени за новите љубовни можности.

Откако го прочитавте месечниот хороскоп за март, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа на финансиски план во март.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар