Прсти да излижете: Австриски рецепт за печени тестенини со шунка и сирење

Прсти да излижете: Австриски рецепт за печени тестенини со шунка и сирење

Денес ви споделуваме австриски рецепт за печени тестенини со шунка и сирење – идеален избор кога немате многу време и состојки на располагање.

Прсти да излижете: Австриски рецепт за печени тестенини со шунка и сирење

Потребни состојки:

  • 250 грама тестенини
  • 200 грама шунка
  • 100 грама сирење
  • 80 грама путер + за подмачкување на садот за печење
  • 4 јајца
  • морско оревче
  • 250 грама кисела павлака
  • 2-3 чешниња лук
  • сечкан магдонос
  • ½ шолја презла + за посипување

Начин на подготовка:

1. Извадете го путерот од фрижидер да омекне. Сварете ги тестенините, а потоа исцедете ги и оставете ги да се изладат.

2. Со миксер измешајте ги путерот, жолчката, солта, биберот и морското оревче, па додајте ги шунката исечкана на коцки, ренданото сирење, павлаката, лукот, сечканиот магдонос и ладните тестенини.

3. Со миксер измешајте ги и белките, а потоа додадете ги во смесата со тестенини.

4. Намачкајте го со путер калапот за печење и посипете со презла, а потоа додадете ги тестенините и одново посипете ги со презла. Покријте со алуминиумска фолија и печете во рерна околу 45 минути на 160 степени целзиусови. На здравје!

Доколку ви се допадна нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусни тестенини со сос од сирење и спанаќ.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар