Денес планетата Меркур ќе го почне својот транзит во Јарец и тука ќе остане сè до 27 февруари – во следните 20 дена нè очекува посебно време. Меркур го претставува умот, рационалното размислување, комуникацијата, учењето, трговијата и бизнисот. Секој пат кога оваа планета ќе влезе во некој нов знак, според астролозите има промени во споменатите области. Еве како ова ќе му влијае на секој хороскопски знак.rnrn
rn
Овен
rnОчекувајте сите ваши мисли да бидат насочени кон работата, а можни се и нови познанства, обука, службени патувања, поголема комуникација со колегите во работно и неработно време. Избегнувајте какви било конфликти.rn
Бик
rnВо овој период ќе се зголеми вашата желба за учење нови работи од различни области. Ве очекува и подобрена комуникација со роднините, особено со родителите и децата, како и со претпоставените. Можно е да добивате совети од блиски луѓе, но на вас е да изберете дали ќе ги почитувате или не.rn
Близнаци
rnУчете и максимално искористете ги вашите таленти и способности. Променете ги лошите навики во добри за да го зачувате здравјето.rn
Рак
rnЌе бидете фокусирани не само на професионалниот туку и на приватниот живот. Ве очекува поголема интеракција со претпоставените или деловните партнери. Добар момент да ја доведете секоја врска – и лична и деловна – на ново рационално ниво, кога сè е кажано и разбрано.rn
Лав
rnМожно е многумина да ви се обратат за помош и совет. Обидете се да им помогнете на кој било начин. Треба да внимавате на нови долгови и заеми – размислете дали навистина ви е потребно. Намалете го стресот и зајакнете го имунитетот.rn
Девица
rnВашата главна планета сега е во добра позиција и ова ви отвора многу врати. Задолжително проверете ги и не отфрлајте ги новите можности. На семејството му треба повеќе внимание и грижа, па затоа посветете му се.rn
Вага
rnЌе сакате промени во личниот животен простор. Можете да го направите ова преку купување работи за вашиот дом или можете да го искористите она што веќе го имате, доволно е да бидете креативни. Зајакнете го имунитетот преку исхрана и физичка активност.rn
Скорпија
rnВо овој период вашите желби ќе почнат да се остваруваат. Можеби дури и сте заборавиле некои, но тоа не значи дека не треба да им се посветите на вашите амбиции.rn
Стрелец
rnМоже да има промени на работа, на пример, зголемување на платата или нови можности. Дури и да не се случи, продолжете да се обидувате и ќе ви се исплати. Имате поддршка од партнерот, но избегнувајте конфликти – најважно е сега да најдете компромис.rn
Јарец
rnЌе наидете на лекции кои ќе ви помогнат да стекнете повеќе самодоверба. Ако немате доволно искуство во нешто, не плашете се да побарате помош. Избегнувајте конфликти и расправии – секогаш трудете се да го зачувате мирот.rn
Водолија
rnЌе сакате да одвоите повеќе време за себе, давајќи им простор на своите мисли. Осаменоста, мирот и тишината ќе ве опуштат. Најдете тивко и мирно место за себе и уживајте во овие придобивки. Научете да ги оптимизирате трошоците, но не штедете пари за она што ви е важно, туку намалете ги непотребните трошоци.rn
Риби
rnЌе запознаете нови луѓе кои можат да бидат важни во вашата кариера. Можни се различни можности на деловен план. Размислете за вашите желби и сфатете дали навистина ви требаат некои од нив.rnrnОткако прочитавте како ќе ни влијае Меркур во Јарец во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Венера во Риби до 20 февруари.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
