Најпознатите цитати на Елиф Шафак за животот и љубовта

Најпознатите цитати на Елиф Шафак за животот и љубовта

Несомнено, Елиф Шафак е една од најпознатите современи авторки чии дела се преведени на педесет јазици. Најпознатите романи на оваа повеќекратно наградувана британско-турска авторка се: „Четириесет правила на љубовта“, „Копилето од Истанбул“, „Чиракот на архитектот“ и „Трите ќерки на Ева“. Во продолжение прочитајте дел од нејзините најпознати цитати.

Најпознатите цитати на Елиф Шафак за животот и љубовта

„Секоја вистинска љубов и пријателство е приказна за неочекувана трансформација. Ако сме истата личност пред и откако сме сакале, тоа значи дека не сме сакале доволно.“

„Љубовта не може да се објасни. Може само да се доживее. Љубовта не може да се објасни, но таа објаснува сè.“

„Како што глината мора да се испече на висока температура за да биде цврста, така и љубовта може да стане посилна само благодарение на болката.“

„Колку е ужасно да сте ментално и емоционално приврзани за некој од кого сте физички одвоени.“

„Секогаш беше вака. Кога ја зборуваше вистината, те мразеа. Колку повеќе зборуваше за љубов, толку повеќе те мразеа.“

„Каква корист може да се има од човек кој не може да се свикне на едно место? Ако човекот нема чувство на припадност тогаш е препуштен сам на себе да талка, како сув лист на ветрот.“

„Што значи трпението? Тоа значи да се погледне трнот и да се види розата, да се погледне ноќта и да се види зората.“

Откако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и 15 цитати од Тони Морисон што ќе ви го осветлат денот колку и да ви е тешко.

Извор: quotecataog.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар