Зошто е здраво да пешачите 5 минути на секој половина час седење?
Според најновата студија од Универзитетот Колумбија во Њујорк, само 5 минути пешачење на секој половина час може да ублажи дел од штетните ефекти од долгото седење.
Имено, постојат многу истражувања според кои неколку часовното седење како она во канцелариски услови, претставува опасност по здравјето, дури и за оние кои редовно вежбаат.
Истражувачите откриле дека 5 минути пешачење на секои 30 минути може значително да ги намали и шеќерот и крвниот притисок. Освен тоа, ова не само што може да го намали заморот туку може и да го подобри расположението.
Според оваа студија, дури и малите подобрувања во физичката активност може да имаат влијание врз шеќерот во крвта и крвниот притисок. Станува збор за 40 минути физичка активност во текот на осумчасовниот работен ден, сосема доволно за да започнете со поздрав начин на живот.
Општопознато е дека стоењето и одењето го зголемуваат протокот на крв, особено во нозете. Исто така, помагаат во метаболизмот на шеќерот и мастите.
Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и дали пешачењето може да го замени вежбањето.
Извор: healthline.com