Прсти да излижете: Рецепт за пилешко со кускус

Прсти да излижете: Рецепт за пилешко со кускус

Денес ви споделуваме рецепт за кускус со пилешко за кој ќе ви биде потребен само половина час!

Прсти да излижете: Рецепт со пилешко и кускус

Потребни состојки:

  • 450 грама пилешки гради
  • 375 милилитри пилешки супа
  • 180 грама кускус
  • 120 грама замрзнат грашок
  • 50 грама суви домати
  • 2 лажички ким во прав
  • 2 лажички мелен ѓумбир
  • 1 лажица путер
  • 1 тиквичка
  • 1 среден кромид
  • 1-2 чешниња лук
  • сол и бибер по желба
  • масло за готвење

Начин на подготовка:

1. Нанесете сол и црн пипер врз пилешките гради.

2. Во тава загрејте малку масло и пржете го пилешкото од секоја страна околу 6 до 8 минути или додека термички не се обработи до крај. Извадете го пилешкото од тавата.

3. Додадете го путерот во тавата и испржете го ситно сечканиот кромид со малку сол.

4. Додадете го сечканиот лук и пржете сè заедно околу една минута.

5. Додадете кускус, сечкани сушени домати, грашок, ким и ѓумбир. Промешајте и оставете ги зачините да се потпржат со кускусот околу три минути.

6. Додадете ја тиквичката и пилешката супа.

7. Покријте ја тавата и исклучете го шпоретот. Оставете го кускусот да ја „впие“ целата течност околу пет до седум минути.

8. Послужете со печено пилешко. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да прочитате и го прочитате и рецептот за бразилски крокети со пилешко и сирење.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар