Кој вид на пијалак може да придонесе за предвремено стареење?

Кој вид на пијалак може да придонесе за предвремено стареење?

Кога станува збор за стареењето, нема полош пијалак од газиран пијалак засладен со шеќер. Познато е дека редовното консумирање на овие пијалаци го зголемува ризикот од зголемување на телесната тежина и одредени болести, а одредени истражувања покажале и дека тие можат да му влијаат на вашето тело дури и на клеточно ниво. Сето тоа придонесува за нездраво и побрзо стареење.

Кој вид на пијалак може да придонесе за предвремено стареење?

Според експертите, редовното консумирање засладени пијалаци може да го зголеми ризикот од разни болести како што се зголемена телесна тежина, срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Газираниот пијалак предизвикува стареење

Газираниот сок може да го зголеми ризикот од болести, но исто така може негативно да влијае на клетките на вашето тело. Според една студија од 2014 година, зашеќерените пијалаци можат да предизвикаат предвремено стареење на клеточно ниво.

За да ја спроведат својата студија, истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско (UCSF) ги испитувале податоците од 5.309 возрасни Американци на возраст меѓу 20 и 65 години без историја на кардиоваскуларни болести.

Според авторите на истражувањето: „Редовното консумирање на газирани пијалаци засладени со шеќер може да влијае на развојот на болести – не само што ја оптоварува метаболичката контрола на телото врз шеќерот, туку и го забрзува клеточното стареење на ткивата.”

Исто така, истражување од 2021 година, покажало дека консумирањето на засладени пијалаци, како што се газираните, е поврзано со промени во цревните бактерии и цревната флора, воспаление и оксидативен стрес, а сето тоа може да доведе до предвремено стареење.

Освен тоа, важно е и да знаете дека газираните пијалаци можат лошо да влијаат врз бубрезите. Според едно истражување од 2015 година, честото консумирање газирани сокови засладени со шеќер го зголемува ризикот од појава на хронична бубрежна болест.

Откако прочитавте за штетното влијание на газираните пијалаци, можеби ќе сакате да прочитате и што се случува со вашето тело 1 час по пиењето газиран пијалак.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар