Многумина сметаат дека технологијата е само за младите. Но, изгледа никој не ѝ го кажал ова на Кимико Нишимото. Кимико е 89-годишна баба од Јапонија која самата се фотографира и ги уредува своите фотографии веќе 17 години. Како што можете да забележите од фотографиите, таа е навистина креативна.rnrn
rnrnКимико не била заинтересирана за фотографирање сè додека не наполнила 72 години. Нејзиниот син држел почетен курс за фотографија, па таа решила да се пријави. Притоа не била свесна дека овој курс ќе ги разбуди страста и талентот во неа кои не ни знаела дека ги поседува. Таа веднаш почнала да се занимава со фотографија и почнала да прави навистина комични автопортрети. Првата изложба ја одржала 10 години подоцна во локален музеј во нејзиниот град. Сега Кимико се подготвува за изложба во галеријата Епсон во Токио. Изложбата е насловена „Asobokanne“, што во превод значи „Ајде да си играме“. На изложбата ќе бидат објавени досега невидени фотографии од Кимико. Па ако случајно сте во Токио помеѓу 15-ти декември и 18-ти јануари, посетете ја неверојатна изложба. Мислите дека сте премногу стари за да започнете нешто ново? Размислете повторно.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnФотографиите продолжуваат на следната страница…rn
89-годишна баба прави неверојатни и забавни автопортрети
