Град на духови кој се претвора во популарна туристичка дестинација

Град на духови кој се претвора во популарна туристичка дестинација

Ал Хамра е дестинација која за која сè повеќе пројавуваат интерес љубителите на необични патувања и е една од најстарите населби во Оман. Се наоѓа во подножјето на планините и е стара околу 400 години, а била изградена од кал. Иако повеќето куќи се напуштени и распаднати, шетањето низ тесните улички навечер е посебно искуство.

Град на духови кој се претвора во популарна туристичка дестинација

Може да се каже дека навистина се храбри оние кои се осмелуваат да шетаат овде навечер. Штом сонцето ќе зајде, само мачките можат да го најдат својот пат во темнината бидејќи нема улични светла.

Една од омилените активности на туристите е качувањето на покривите и уживањето во глетката или фотографирањето на прекрасниот пејзаж. Ако одлучите да патувате во Ал Хамра, можете да побарате сместување во Баит Алџабал каде можете да преспиете во типични куќи од кал.

Иако сместувањето е скромно – со душеци на подот, посетителите ја фалат услугата. Појадокот е вклучен во цената, а се вели дека е исклучително вкусен и добра можност за истражување на егзотичните кујни.

Ал Хамра е познат и како Хамра Ал Абриин, а името се однесува на племето Ал Абри, кое живеело таму. Блиското село Мисфат Ал Абријен се смета за едно од најубавите во земјата. Куќите на врвот на планината се наоѓаат на надморска височина од околу 1000 метри и се задолжителна станица за патниците кои уживаат во планинарењето во природа.

Откако прочитавте за ова необично место, можеби ќе сакате да прочитате и за камениот град во Саудиска Арабија кој го споредуваат со Петра.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар