Идеални за празничната трпеза: Чоколадни бомбици со вино

Сподели

Празничната трпеза не може да се замисли без чоколадо, овошје и вино. Затоа, денес ви предлагаме рецепт за чоколадни бомбици со вино кои не само што се вкусни туку се и брзи и лесни за подготовка.

Реклама

rn

Потребни состојки за чоколадни бомбици:

rn

    rn 011

  • 230 милилитри слатко или полусуво црвено вино
  • rn 011

  • 1 стапче цимет
  • rn 011

  • 150 грама суво грозје
  • rn 011

  • 220 грама темно чоколадо
  • rn 011

  • 120 милилитри шлаг
  • rn 011

  • кокосово брашно
  • rn 011

  • 1 лажица мелени ореви (ореви, лешници…)
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn1. Загрејте го виното и додадете ги сувото грозје и циметот и варете околу 5 минути.

2. На пареа растопете го чоколадото и павлаката, а потоа додадете го шлагот и варете со мешање 5 минути. Отстранете го стапчето цимет од виното.

3. Во садот со чоколадото додајте го виното со суво грозје, измешајте ги и додадете доволно јаткасти плодови за да добиете компактна смеса. Формирајте топчиња, наросете ги со кокос и оставете ги во фрижидер да отстојат неколку часа.

Совет: Ако смесата е премногу густа, можете да ја разредите со додавање топло вино или крем за готвење.

Откако го прочитавте нашиот рецепт за чоколадни бомбици, можеби ќе сакате да го прочитате и најлесниот рецепт за панетоне, колачот без кој не може да се замисли Божиќ во Италија.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Популарно

Може ќе ве интересира