КАФЕ ПАУЗА

Кондоми потпишани од познатите личности

Кондоми потпишани од познатите личности

Некои од светски познатите личности имаат излезено со свои линии кондоми, други само го ставиле своето име на веќе постоечки бренд, а нечии имиња на ѕвезди биле злоупотребени само да се дојде до поголема заработка.rn
rn

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

rnВо еуфоријата на кралската венчавка во 2011 година, кога можеше да се продаде сè и сешто со ликот на Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, компанијата „Crown Jewels“ пуштила во продажба кондоми со нивниот лик, од едноставна причина што сакала на тој начин да даде придонес во прославата на венчавката.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

Кеша

rnСвојата слава Кеша ја користи за соработка со компанијата „Лајфсталс“. Првите кондоми ги поделила бесплатно на еден од нејзините концерти.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

Лудакрис

rnКомпанијата „Магнум“ барала рапер за да ги промовира своите производи во хип-хоп светот, а изборот паднал на Лудакрис. Тој прифатил кондомите да бидат брендирани со неговото име затоа што сакал да даде некаков придонес во борбата против сидата.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

Мадона

rnВерувале или не, Мадона никому не дала дозвола нејзиното име да се користи за оваа намена. Сепак, една европска компанија решила да ги пушти во продажба без да ја праша. Кондомите се продавале одлично сè додека компанијата не добила тужба и морала да ги повлече од пазарот.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

Џулијан Асанж

rnВеројатно ниту Џулијан Асанж не бил прашан дали може да се продаваат презервативи со неговиот лик на нив, но тој нема покренато судски спор околу ова прашање. Впрочем, овој бренд се појавил во знак на исмевање на слабите и неиздржани обвиненија за силување против Асанж. Нивниот слоган е: „Протекува и повеќе од вистината“.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

Џин Симонс

rnЛикот на Џин Симонс, вокалистот на рок бендот Кис, е првиот што се појавува не само на кутијата, туку и на самиот латекс. Таму стои сликата со неговиот исплазен јазик.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

Дафт Панк

rnПознато е дека ваков бренд постои и дека се вика „Get Lucky“, според нивниот голем хит, но сè уште не се знае дали и кога кондомите ќе излезат во продажба.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

Барак Обама

rnКомпанијата „Say It With a Condom“ на последните претседателски избори во САД излезе со линија презервативи инспирирани од Претседателот Барак Обама. Слоганот беше: „Нема да се скине лесно како неговите ветувања“.Кондоми потпишани од познатите личности
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn