Справувањето со хроничното воспаление не е воопшто едноставно, делумно благодарение на сите збунувачки информации кои ќе ги пронајдете на интернет. Додека повеќето луѓе се согласуваат дека маслиновото масло, лососот и оревите можат да го намалат воспалението, одредени намирници се сметаат за проинфламаторни, иако не постојат силни докази за поддршка на овие тврдења во медицинската литература.rnrn
rnrnИ меѓу многуте намирници кои се на листата на „непожелни намирници“ кога станува збор за намалување на ризикот од хроничното воспаление, се и млечните производи. Но, дали млечната храна навистина предизвикува воспаление? Прочитајте во продолжение.rn
Што е воспаление?
rnВоспалението е природен одговор на телото да се заштити од фактори што можат да му нашетат. Постојат два вида на воспаление – хронично и акутно. Акутно воспаление се јавува кога некое лице ќе се повреди – размислете за вашиот воспален глужд кога се повредивте. Овој тип на воспаление исчезнува откако повредата или инфекцијата ќе исчезнат.rnrnХроничното воспаление, од друга страна, може да се задржи во телото. Овој тип на воспаление може да биде резултат на голем број фактори, вклучувајќи пушење цигари, дебелина и одредени намирници. Може да биде предизвикана и од присуство на автоимуна болест или инфекција. Хроничното воспаление може да доведе и до зголемен ризик од одредени видови на рак и дијабетес.rnrnИсхраната која може да го зголеми ризикот од воспаление е богата со рафиниран скроб, шеќер, заситени и трансмасти и има ниска количина на омега-3 масни киселини, природни антиоксиданси, како и влакна од овошје и зеленчук. Но, што е со млечните производи?rn
Дали млечните производи предизвикуваат воспаление?
rnМлечните јадења се вкусни додатоци во исхраната кои го поддржуваат здравјето на коските. Од друга страна, одредени млечни намирници содржат заситени масти, хранлива материја која може да го зголеми ризикот од воспаление. Но, според истражувањето од 2017 година објавено во Critical Reviews in Food Science and Nutrition, врз основа на податоци од 52 клинички испитувања на луѓе, се чини дека млечните производи всушност имаат антиинфламаторни ефекти врз телото, без оглед на содржината на маснотии во млечната храна.rnrnЗначи, и покрај тврдењата на одредени влијателни лица дека млечните производи предизвикуваат воспаление, медицинската литература се чини дека сугерира поинаку. Само имајте на ум дека додека пиењето чаша млеко нема воопшто да му наштети на организмот, големите количини на додатен шеќер (чоколадно млеко, млеко со шеќер) можат штетно да му делуваат.rnrnОткако прочитавте за поврзаноста помеѓу воспалението и млечните производи, можеби ќе сакате да прочитате и колку месо и млечни производи смееме да консумираме дневно.rnrnИзвор: eatthis.com
