Што претставува емоционална исцрпеност? 5 знаци дека ви е потребен одмор

Што претставува емоционална исцрпеност? 5 знаци дека ви е потребен одмор

Дали и како се разликува состојбата на емоционална исцрпеност од стресот и уморот со кои секојдневно се соочуваме? Емоционалната исцрпеност е хронична состојба на физичко и емоционално исцрпување и може да се појави кога некој ќе доживее период на прекумерен стрес во работата или личниот живот. Ова може да влијае на секојдневниот живот, односите и однесувањето на една личност. Ако искусите некои од овие симптоми на емоционална исцрпеност, тоа може да укаже дека ви треба пауза.

Што претставува емоционална исцрпеност? 5 знаци дека ви е потребен одмор

1. Лесно се лутите

Менталниот и емоционалниот замор лесно може да ви го расипе расположението. Кога сте емоционално исцрпени, потешко е да ги држите емоциите под контрола. Опкружени сте со негативност, а како што минуваат деновите почнувате да губите надеж. За жал, ова може да ве натера да го исфрлите гневот на оние кои ви се најблиски и кои најверојатно не го заслужуваат тоа.

2. Не сте продуктивни и немате мотивација

Хроничниот стрес може да го отежни фокусирањето и да ја намали вашата мотивација. Така, дури и малите обврски кои не бараат голем напор ќе почнат да ви изгледаат застрашувачки и речиси невозможни.

3. Постојано се грижите и сте вознемирени

Еден од симптомите на емоционална исцрпеност е претераната анксиозност која постојано ќе ве „предупредува“ дека нешто не е во ред.

4. Несоница

Потешко е да заспиете кога се чувствувате премногу уморни. Според истражувањето, луѓето кои имаат професии со високи „когнитивни оптоварувања“ искусуваат повеќе симптоми на несоница од оние кои немаат. Освен тоа, недостатокот од сон може да го влоши менталниот замор.

5. Нездрави избори

Друг симптом на емотивна исцрпеност може да биде употребата на алкохол и дрога. За оние, пак, кои веќе имаат проблем со злоупотреба на супстанции, емоционалната исцрпеност може да биде уште поштетна. Причината за ова, според експертите, е тоа што зависноста од дрога ги менува мозочните региони вклучени во управувањето со стресот и контролата на импулсите.

Откако прочитавте кои симптоми укажуваат на емоционална исцрпеност, можеби ќе сакате да прочитате и дали менталната болест станува нашето ново секојдневие.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар