Изградбата на мост меѓу Сицилија и италијанското копно е планирана илјадници години, а сега конечно би можела да се реализира.rnrn
rnrnИдејата за мост што ќе ја поврзува Сицилија со копното на Италија најверојатно први ја предложиле Римјаните. Дури и по времето на Римјаните, мостот меѓу Италија и Сицилија бил предложен уште многу пати. Мостот требаше да биде изграден во 2009 година, но тоа не се случи.rnrnКонтинентална Италија и Сицилија се одделени со Месинскиот теснец, кој го поврзува Јонското Море на југ со Тиренското Море на север. Во својата најтесна точка, теснецот е широк околу 3 километри, со пристанишниот град Месина на сицилијанската страна и калабрискиот град Вила Сан Џовани на копното.rnrnИзградбата на мостот беше најавена од новата италијанска премиерка Џорџа Мелони, која најави дека ќе побара помош од ЕУ за финансирање на проектот. Доколку се реализира, се очекува мостот да чини неколку милијарди евра, а кога ќе биде завршен ќе се протега во должина од 3,5 километри.rnrnПлановите сè уште се непотврдени, но ако мостот се изгради, тој ќе придонесе за поголема поврзаност на Сицилија со континентална Италија, вклучувајќи ја и можноста да се патува со воз. Во меѓувреме, можете да го посетите островот со авион или траект.rnrnОткако прочитавте за плановите за иградба на мост меѓу Сицилија и континентална Италија, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најубавите острови во Европа.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Дали Сицилија набргу ќе биде поврзана со мост со континентална Италија?
