Анасонот е растение кое потекнува од Египет, а се користи како зачин во јадења и пијалаци, но и за правење чај. Секој чај има одредени здравствени придобивки за нашиот организам. Некои чаеви ја ублажуваат болката во грлото, други ни помагаат да ги надминеме стомачните проблеми, а има и такви кои ни го зајакнуваат имунитетот.rnrn
rnrnЧајот од анасон содржи многу хранливи материи и се користи за подобро варење, ги ублажува менструалните болки, симптомите на менопаузата и го намалува воспалението.rn
Како да направите чај од анасон?
rnАнасон има лесен и сладок вкус. Иако можете да купите готов чај од анасон, овој чај може да се направи и од самиот зачин. Во подготовката на чајот се користат семиња и листови. Во шолја ставете една лажица свежо семе од анасон и прелијте го со зовриена вода. Оставете ја оваа течност да отстои околу 10 минути, а потоа процедете ја. На крајот можете да додадете малку мед или млеко. Доколку сте купиле чај од анасон, важно е само да ги следите упатствата напишани на пакувањето.rn
Кои се здравствените придобивки од чајот од анасон?
rn
1. Содржи многу железо
rnЧајот од анасон содржи многу железо. Само една лажица семки од анасон содржи 13 проценти од дневната доза на железо. Освен железо, содржи и манган, а во помали дози калциум, магнезиум, фосфор, калиум и бакар.rn
2. Може да спречи појава на чир на желудникот
rnЧир на желудникот е многу непријатна болест која може да предизвика мачнина, варење и непријатно чувство во пределот на градниот кош. Чајот од анасон може да ја спречи појавата на чир, но и да ги ублажи симптомите на луѓето кои имаат чир.rn
3. Добар е за дигестивни проблеми
rnЧајот од анасон се користи и за дигестивни проблеми како дијареа и запек, но и за мачнини или повраќање. Одличен е за смирување на нервните црева и гасовите во желудникот. Кога се користи за овие цели, треба да се пие незасладен.rn
4. Добар е за респираторни проблеми
rnОвој чај ги лекува бронхиите, односно го олеснува кашлањето, а може да биде и прва помош при настинки, грип, бронхитис или астма.rn
5. Ги ублажува симптомите на менопаузата
rnМенопаузата е нормален процес кој се јавува со стареењето кај жените, а се појавуваат симптоми како потење во текот на ноќта, слабост и сува кожа. Анасонот се однесува како естроген во телото и затоа може да ги ублажи симптомите на менопаузата.rn
6. Го намалува воспалението во телото
rnОдредени истражувања покажале дека семето од анасон може да го намали воспалението во телото и да спречи болести. Анасонот е богат со антиоксиданси, па може да спречи појава на болести кои предизвикуваат оксидативно оштетување на организмот. Затоа, овој чај може да го зајакне и имунитетот. Дополнително, чајот од анасон им се препорачува на доилките бидејќи го поттикнува лачењето на млекото.rn
Дали чајот од анасон има несакани ефекти?
rnЗа повеќето луѓе, чајот од анасон нема да има никакви несакани ефекти. Сепак, некои луѓе може да доживеат алергиска реакција, особено оние кои се алергични на зачини како што се анасон, магдонос, целер или копар. Исто така, овој чај не им се препорачува на оние кои имаат рак на дојка или ендометриоза бидејќи анасонот делува како естроген.rnrnОткако прочитавте за чајот од анасон, можеби ќе сакате да прочитате и за здравствените придобивки од чајот од цимет.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
