Инспиративни цитати кои ја прикажуваат суштината на животот
Сите ние водиме тешки битки на овој свет. Управувањето со нашиот приватен и професионален живот понекогаш може да биде прилично стресно. Затоа, секогаш кога се соочуваме со неуспех во животот една од неколку работи што можеме да ги направиме е да дозволиме инспиративните цитати да ни помогнат и да ни бидат ѕвезда-водилка. Во продолжение прочитајте неколку од нив.
„Што ако наместо да бидеме обесхрабрени од двосмисленоста и несигурноста на животот, го прифатиме таков каков што е и почнеме да уживаме во него?“ — Пема Чодрон
„Дишете. Препуштете се и потсетете се дека токму овој момент е единственото нешто за кое сте сигурни дека го имате.“ – Опра Винфри
„Нашите верувања го ограничуваат нашето искуство во животот.“— Пема Чодрон
„Време е да започнете да го живеете животот што сте го замислиле.“ – Хенри Џејмс
„Послободни сме отколку што мислиме.“ — Мишел Фуко
„Честопати се случува да живееме заробени во синџири и никогаш да не дознаеме дека го имаме клучот.“ — Орелот (филм)
„Животот значи да ги прифатите предизвиците на патот, да продолжите да чекорите напред и да уживате во патувањето.“ -Рој Т. Бенет
„Јас не се срамам од моето минато. Навистина сум горда. Знам дека направив многу грешки, но сите тие беа мои животни лекции.“ – Дру Баримор
„Постоите во времето, но ѝ припаѓате на вечноста.“ – Ошо
„Не чувствувајте се осамено бидејќи целиот универзум е во вас.“― Руми
„Среќата зависи од тоа што можете да дадете, а не од она што можете да го добиете.“ ― Свами Чинмајананда
„Ако не добиете нешто, тоа значи дека нешто поголемо доаѓа на патот.“ — Анонимен автор
Откако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот.
Извор: themindsjournal.com