КАФЕ ПАУЗА

Како е да се биде мечтател во овој суров свет?

Како е да се биде мечтател во овој суров свет?

Written by

in

,

Воопшто не е лесно да се биде мечтател во овој свет. Така, вашата безгрижност ќе биде критикувана, а вашите идеологии ќе бидат доведени во прашање. Вашата енергија ќе биде погрешно разбрана. Ќе ве доживуваат како сонувач кој е наивен по природа.rnrnКако е да се биде мечтател во овој суров свет?rnrnЌе сметаат дека сте во заблуда бидејќи верувате во позитивните аспекти на светот. Вашите мислења ќе бидат земени здраво за готово од страна на оние кои најмногу ги почитувате. Ќе ве третираат како некој кој е незрел, некој кој сè уште не ја доживеал реалноста на животот. Вашите сфаќања за животот ќе наидат на сожалување и смеа.rnrnНо, продолжете да сонувате и да мечтаете. Како луѓе, ние мора да сонуваме. Мора да ги одржуваме живи нашите страсти бидејќи само на тој начин можеме да ја почувствуваме магијата на животот. Да, не можеме да ја негираме реалноста. Да, мора да бидеме реални. Но, многумина се обидуваат да нè обесхрабрат бидејќи тие самите не сонуваат или се откажале од своите соништа пред многу години.rnrnСепак, не заборавајте дека вашата задача е да го правите она во кое вие верувате и кое можеби нив ги плаши. Верувајте во себе така што вашата самодоверба ќе стане непоколеблива затоа што да се биде мечтател во овој суров свет е навистина тешко.rnrnВеројатно секогаш кога ќе почнете со ново хоби ќе бидете полни со сомнежи, веројатно вашата амбиција ќе се соочува со ризикот да избледне како резултат на истите тие сомнежи. Уште поверојатно е дека другите ќе се обидат да ве убедат да ги оставите грандиозните очекувања и да ја прифатите вистината со изговорот дека е подобро да се откажете отколку да доживеете разочарување.rnrnМожеби нема постојано да го постигнувате она што го посакувате, а тоа е сосема во ред. Но, сè додека не престанувате да го слушате внатрешниот глас на мечтателот, секогаш ќе ја носите магијата со себе.rnrnОткако прочитавте за мечтаењето во современиот суров свет, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги остварите вашите соништа дури и ако сметате дека се „невозможни“.rnrnИзвор: themindsjournal.com