Скротете го егото така што ќе се однесувате со понизност кон светот околу вас

Скротете го егото така што ќе се однесувате со понизност кон светот околу вас

Да се биде егоист никогаш не е добра особина, без разлика на она што некои луѓе би се обиделе да го кажат во своја самоодбрана. Од друга страна, понизноста е особина достојна за почит и чија цел е да го надмине егото. Но, зошто честопати ни преставува голем предизвик да изразиме понизност? Дали бидејќи честопати ја сметаме понизноста за знак на слабост, кога, всушност, е показател на голема внатрешна сила? Во продолжение прочитајте на кој начин можете да го скротите егото и да се однесувате со поголема понизност кон светот околу вас.

Скротете го егото така што ќе се однесувате со понизност кон светот околу вас

Прифатете го фактот дека сите сме луѓе и како такви, грешиме

Многумина од нас, кога не успеваме во нешто што ни е важно – на пример, работата или љубовната врска – се разнишува нашата самодоверба бидејќи навикнати сме да ја поврзуваме самодовербата со нашите успеси. Така, одеднаш почнуваме да мислиме дека сме лоши или недостојни и паѓаме во депресија и меланхолија. Понекогаш, процесот на закрепнување од целата ситуација може да биде долг и болен. Сепак, моќта на понизноста лежи во фактот дека ни дава сила да ги издржиме критиките и неуспехот и тоа секогаш потпирајќи се на нашите внатрешни вредности како луѓе. Така, секогаш кога нема да можеме да исполниме нечие очекување, понизноста ќе нè потсети дека и ние сме само луѓе, како останатите, и дека е сосема нормално да погрешиме.

Вежбајте медитација и самосвест

Според научниците, скромните луѓе имаат точна слика за себеси вклучувајќи ги и сопствените предности и недостатоци, а тоа им помага да увидат какви промени треба да направат во животот. Освен тоа, медитацијата може да ја зголеми нашата самосвест на начин што можеме да ги забележиме нашите емоции и чувства без да ги осудиме. Така, колку повеќе стануваме свесни за нашиот внатрешен свет толку полесно ќе ни биде да ги увидиме нашите нездрави верувања и постапките кои би можеле да го ограничат нашето битисување. Меѓу другото, обидете се да се однесувате и со поголема љубезност и поголемо разбирање кон вас самите.

Изразете благодарност

Преку зборчето „благодарам“ ние им пренесуваме на другите дека ја цениме нивната вредност. Благодарноста нè тера помалку да се фокусираме кон себе, а вниманието да го насочиме на оние околу нас – тоа е и белегот на скромните луѓе. Освен тоа, многубројни истражувања ја докажале и длабоката поврзаност меѓу понизноста и благодарноста. Можеме да заклучиме дека најважниот елемент на понизноста е стремежот кон оние наши особини кои го прикажуваат најдоброто од нас и го прават светот подобро место за живеење.

Откако прочитавте за понизноста, можеби ќе сакате да ги прочитате и 8-те животни вистини од кинескиот филозоф Лао Цу што ќе ви го променат животот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар