Останувате будни до доцна во ноќта? Еве како тоа може да влијае на вашето ментално здравје!

Сподели

Дали имате навика да останувате будни до доцна во ноќта? Доколку одговорот е „да“ тоа значи дека најверојатно и не ги добивате препорачаните 7-8 часа сон. Но, дали и како тоа влијае врз вашето ментално здравје? Прочитајте во продолжение.

Реклама

rn

1. Когнитивно нарушување

rnНедостатокот на сон значително може да го зголеми ризикот од деменција и когнитивно нарушување со оглед на тоа што мозокот не е во состојба да се ослободи од токсините и вишокот протеини кои се натрупале во текот на денот. Истражувањата покажале дека хроничното кратко времетраење на сонот кај пациентите од 50, 60 и 70 години може да го зголеми ризикот од деменција за 30% во споредба со пациентите чиј сон трае околу 7 часа. Згора на тоа, студиите покажале и дека будноста и лишувањето од сон можат да доведат значителни негативни промени во когнитивните перформанси како нарушување на меморијата и на способности за концентрирање и одлучување.rn

2. Нарушено расположение

rnДали се чувствувате луто и иритирано доколку претходната вечер сте останале будни до доцна навечер? Дали вашето расположение се подобрува благодарение на добриот и квалитетен сон? Истражувањата покажале дека доколку секоја вечер во текот на неделата спиете околу 4,5 часа, ќе се чувствувате ментално исцрпени, лути, тажни и полни со стрес.rn

3. Развој на ментални болести

rnВашата ментална благосостојба може да биде нарушена како резултат на фактот дека сте будни цела ноќ, а тоа може да доведе до следните психолошки состојби:rn

    rn 011

  • стрес
  • rn 011

  • анксиозност
  • rn 011

  • депресија
  • rn 011

  • биполарно растројство
  • rn 011

  • манија
  • rn 011

  • параноја
  • rn 011

  • шизофренија
  • rn

rn

4. Физички здравствени проблеми

rnЛишувањето од сон на подолг временски период може да доведе и до голем број физички здравствени проблеми како:rn

    rn 011

  • висок крвен притисок
  • rn 011

  • дијабетес
  • rn 011

  • зголемување на телесната тежина
  • rn 011

  • ослабен имунолошки, респираторен и дигестивен систем
  • rn 011

  • кардиоваскуларни болести
  • rn 011

  • замор
  • rn 011

  • зголемено ниво на хормоните на стрес
  • rn

rnОткако прочитавте на кој начин влијае нарушениот сон врз вашето ментално здравје, можеби ќе сакате да прочитате и зошто мајките сакаат да бидат будни до доцна навечер, иако се навистина исцрпени.

Извор: themindsjournal.com

Популарно

Може ќе ве интересира