Контроверзни фотографии со деца кои пушат цигари

Контроверзни фотографии со деца кои пушат цигари

Белгиската артистка Frieke Janssens привлекла големо внимание со нејзината контроверзна фотосесија „Smoking Kids“ (Деца кои пушат) која била прикажана во јули оваа година, во белгиската галерија „Ingrid Deuss“. Во истиов период, паралелно бил донесен закон за забрана на пушење на јавни места во Белгија. Народот се побунил за ваквата одлука на владата, бидејќи сметал дека слободата била загрозена и дека возрасните се третирани како мали деца.Контроверзни фотографии со деца кои пушат цигариВозрасните пушачи се општествено прифатена категорија, па Frieke сакала да го пренасочи фокусот на набљудувачите кон самиот чин на пушење. Таа смета дека фотографиите со деца кои пушат ќе имаат едно надреално влијание врз гледачите и ќе ги принуди навистина да го забележат самиот акт на пушење цигари, пред да почнат да градат свое мислење за личноста која го прави тоа.

Преку нејзините меланхолични, нереални, театрални и контроверзни фотографии со ретро „шмек“, артистката се обидела да ја визуелизира контрадикторноста помеѓу здравствената штетност од цигарите и неверојатната привлечност која кон нив ја имаат пушачите. Поточно кажано, таа сакала да ја прикаже границата помеѓу убавината и грдоста на пушењето.Контроверзни фотографии со деца кои пушат цигариКонтроверзни фотографии со деца кои пушат цигариFrieke била инспирирана од едно индонезиско видео на Јутјуб (најдолу), во кое е прикажано двегодишно дете кое пуши 40 цигари дневно. Во него се потенцирани културолошките разлики помеѓу Истокот и Западот и паралелно го поставува прашањето: „Дали пушењето цигари е активност само за возрасните луѓе?“. Контроверзни фотографии со деца кои пушат цигариКонтроверзни фотографии со деца кои пушат цигариЗа да се осигури безбедноста на децата кои бесрамно позираат, а се на возраст од четири до девет години, им биле дадени лажни цигари и пури направени од кашкавал, а чадот бил создаден со помош на свеќи и темјан. Се прашувате зошто баш деца морале да бидат искористени во оваа фотосесија? Бидејќи, преку портретирањето на децата како да се возрасни луѓе, целиот фокус е свртен кон самиот акт на пушење, а не на самата личност која пуши.Контроверзни фотографии со деца кои пушат цигариКонтроверзни фотографии со деца кои пушат цигариНа тој начин, овие фотографии го провоцираат прашањето: „Дали забраната за пушење е вистинскиот начин за да се ослободиме од оваа апсурдна зависност и дали пушачите се третирани како мали деца кои не можат да направат разлика помеѓу она што е добро и она што е лошо?“ И покрај тоа што Frieke не го дава одговорот на ова прашање, нејзините фотографии сепак се доволно моќни, за да ве испровоцираат да почнете да размислувате на темата..

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар