­
Страв и трепет за сите живи суштества: Пронајден рептил кој бил поопасен дури и од Тираносауросот!

Страв и трепет за сите живи суштества: Пронајден рептил кој бил поопасен дури и од Тираносауросот!

Во Мароко, недалеку од Казабланка, е откриен нов вид мозасаур, џиновски морски рептил од ерата на диносаурусите што на научниците им овозможило да дојдат до нови сознанија за живиот свет од периодот на Креда. Остатоците кои се пронајдени во провинцијата Курибга покажуваат дека станува збор за вид кој може да порасне и до 12 метри.

Страв и трепет за сите живи суштества: Пронајден рептил кој бил поопасен дури и од Тираносауросот!

Според палеонтолозите, станува збор за предатор кој живеел непосредно пред ударот на астероидот и за кој се верува дека ги уништил диносаурусите и многу други живи суштества на планетата.

Џиновскиот рептил наречен Таласотитан атрокс е далечен роднина на игуаните и гуштерите. Со огромни вилици и заби слични на китовите убијци, перки наместо нозе и опашка налик на ајкула, Таласотитан бил страв и трепет за другите морски рептили како што се морските желки и плезиосарусите.

Фосилите пронајдени во Мароко нудат увид во палеобиолошката разновидност кон крајот на периодот Креда, а новооткриениот рептил кој владеел со океаните пред околу 66 милиони години, е само едно делче од еволутивната загатка.

Откако прочитавте за ова откритие, можеби ќе сакате да ги прочитате и 13-те митови за диносаурусите кои не се точни.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар