30 позитивни мисли за посреќен живот!
Без разлика дали се справувате со стрес, ви треба зацврстување на самодовербата или едноставно сакате да пронајдете мотивација, овие позитивни мисли можат да ви бидат ѕвезда-водилка во животот.
1. Јас сум мир, мирот е во мене, мирот е насекаде околу мене.
2. Во овој момент јас сум на безбедно и сигурно место.
3. Треба само да се фокусирам, овде и сега.
4. Јас сум многу повеќе од мојата работа.
5. Јас ја заслужувам сопствената љубов и грижа.
6. Се грижам за мојот ум, тело и дух.
7. Знам како да се грижам за себеси.
8. Правам здрави избори.
9. Можам да им помогнам на другите само доколку си помогнам себеси.
10. Се грижам за себе затоа што се сакам себеси.
11. Ми значи мојот мир.
12. Грижата за себе е мојот приоритет.
13. Подготвен/а сум за нови можности.
14. Станувам подобар/а со секој изминат ден.
15. Благодарен/на сум за секој нов ден.
16. Ниту еден предизвик не е преголем за мене.
17. Секое утро се будам со насмевка.
18. Јас сум способен/а да ги надминам сите пречки.
19. Ништо не може да ме спречи да ги постигнам моите цели.
20. Јас сум прекрасна личност.
21. Јас верувам во себе.
22. Луѓето во мојот живот ме сакаат и ме обожаваат.
23. Јас го заслужувам тоа што го посакувам и ќе пронајдам начин да го постигнам тоа.
24. Јас сум храбар/а.
25. Горд/а сум на себе.
26. Секој ден е подарок.
27. Јас сум опкружен/а со љубов.
28. Имам сè што ми е потребно.
29. Учам и растам преку тешкотиите и предизвиците.
30. Се сакам себеси онаков/а каков/а што сум.
Откако ги прочитавте нашиот список со позитивни мисли, можеби ќе сакате да прочитате и зошто експертите тврдат дека позитивните мисли можат да го продолжат животот за 7,5 години.
Извор: mindbodygreen.com