КАФЕ ПАУЗА

Кои прашања треба да си ги поставите доколку сметате дека луѓето не ве сакаат

Кои прашања треба да си ги поставите доколку сметате дека луѓето не ве сакаат

Written by

in

,

Сите ние сакаме да бидеме почитувани и да нè сакаат другите, но дали е тоа навистина возможно? Никогаш не би можеле да им угодиме на сите и затоа најдобро е да не се ни обидуваме. Најважно од сè е да се цениме себеси без оглед на она што мислат другите за нас. Понекогаш чувствувате дека не ја добивате наклонетоста на другите иако ја заслужувате? Ова се причините зошто е тоа така.rnrnКои прашања треба да си ги поставите доколку сметате дека луѓето не ве сакаатrn

1. Дали им покажувате на другите дека се грижите за нив?

rnНормално е да сакате другите да се грижат за вас, но, дали вие се грижите за другите? Колку често им покажувате внимание на другите? Дали знаете што се случува во нивниот свет и што им е потребно за да се чувствуваат среќно и безбедно?rn

2. Дали покажувате емпатија?

rnДали туѓото страдање го сфаќате само како нечиј проблем за кој не треба воопшто да се грижите? Дали имате аверзија кон туѓите предизвици и тешкотии? Дали можете да препознаете кога некоја личност тагува или се плаши? Или се обидувате да изградите сопствен свет до кој не дозволувате да допре туѓата болка?rn

3. Дали сте арогантни спрема другите?

rnДали им оставате простор на другите да ги искажат докрај своите мислења или брзо го отфрлате она што не е во согласност со вашите верувања? Дали мислите дека секогаш сте во право? Дали сте доволно силни да признаете дека понекогаш грешите и дека не е крај на светот ако туѓите постапки ви го сменат начинот на размислување?rnrnОткако прочитавте кои прашања треба да си ги поставите доколку сметате дека другите не ве сакаат, можеби ќе сакате да ги   прочитате и 3-те совети за оптимистичко размислување и позитивен поглед на животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com