Полната Месечина на 13 јули најмногу ќе им влијае на овие хороскопски знаци!

Полната Месечина на 13 јули најмногу ќе им влијае на овие хороскопски знаци!

Полната Месечина во знакот Јарец претставува моќен циклус чија силна енергија може да предизвика конфликти и ненадејни промени, но може да послужи и како енергија која ќе ве поттикне да се ослободите од негативноста.

Полната Месечина на 13 јули најмногу ќе им влијае на овие хороскопски знаци!

Освен тоа, секоја полна Месечина укажува на крајот на еден циклус, па така и оваа може да означува крај на лошите навики и отфрлање на сето она што нè мачи и оптоварува. Во продолжение прочитајте на кои хороскопски знаци најмногу ќе им влијае полната Месечина во Јарец.

Рак

За време на полната месечина можеби ќе ги забележите големите промени во вашиот живот. Нејзината енергија ќе влијае врз вашата благосостојба, вашето здравје и односите со партнерот. Таа ќе ги направи и постабилни вашите лични односи. Но, за да ја имате врската која отсекогаш сте ја посакувале ќе треба да се откажете од одредени обрасци кои ве држат затворени во токсична динамика. Не игнорирајте ја вашата функција доколку увидите дека нешто не функционира. Од друга страна, ако срцето ви кажува дека нешто е во ред, не дозволувајте стравот да ве оддалечи од врската која ја заслужувате.

Вага

Време е да се соочите со реалноста во вашиот приватен живот. Доколку моментално минувате низ период на конфликти и расправии со семејството можеби токму оваа полна месечина ќе ве натера да ја кажете својата вистина. Освен тоа, од суштинско значење е да се ослободите од сето она што ви влијае негативно. Затоа, ова ќе биде идеален период за преуредување на домот и чистење.

Јарец

Не само што јулската полна месечина е во вашиот знак туку и вашиот планетарен владетел, Сатурн, се движи ретроградно во Водолија. Тоа значи дека за време на овој период ќе доминираат теми поврзани со вашата потсвест и вашиот начин на размислување. Така, Месечината ќе ве поттикне да размислувате надвор од вашата удобна зона. Ќе размислувате за сето она што ви се случило во последните шест месеци, а тоа ќе ви помогне да ѝ пристапите на вашата моментална ситуација од сосема поинаков аспект.

Водолија

Под влијание на јулската полна месечина ќе се чувствувате осамено. Не се исклучува и можноста дека ќе посветите многу повеќе време на работата отколку на социјалниот живот. Освен тоа, ова ќе биде добар момент да го фокусирате вниманието кон себе и кон вашата потсвест. Разбирате многу работи, но прашањето е дали можете да ги примените во пракса. Запрашајте се преку кои чекори можете да го примените во реалноста вашето знаење.

Откако прочитавте за енергијата на полната Месечина на 13 јули, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот кинески хороскоп за јули.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар