„Локалната камена куќа во Нов Зеланд“ дизајнирана од архитектонската компанија „Pattersons Associates“ има соодветно име со оглед на фактот дека голем дел од градежниот материјал кој е употребен за нејзината изградба, е направен од локалните камења. 
Таа се издига покрај новозеландското Божиќно дрво похутукава кое се протега спроти белата, песочна плажа. Во средишниот дел од дворот има прекрасен базен, простор за ручање и надворешен камин, што ја прави оваа куќа идеална за ноќни забави организирани од семејството кое живее во неа. 
Интимата во спалните соби кои се лоцирани на горниот кат, е заштитена со необични ролетни кои не дозволуваат да се гледа однадвор, но истовремено овозможуваат прекрасен поглед кон океанот за домаќините. Оваа куќа, со својата уникатност, луксуз и локација е неспоредлива со ниедна друга, пред сè поради необичниот дизајн со камења, кои ù даваат совршен „шмек“ и чувство на припадност во својата околина.


rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Камената куќа во Нов Зеланд
