Тања Димеска од Galaxy Academy Прилеп: „Со нашите обуки создаваме професионалци подготвени за работа и сопствен бизнис

Сподели

Galaxy Academy Прилеп одбележува шест години постоење – шест години исполнети со едукација, практична работа, посветеност и создавање нови професионалци во светот на убавината.

Реклама

Зад оваа успешна приказна стои Тања Димеска, личност која успеала да ги спои знаењето, страста и претприемачкиот дух. По професија е правник и економист по маркетинг менаџмент, но љубовта кон козметологијата ја насочила кон поинаков професионален пат – пат на кој денес гради сопствен бренд, едуцира кандидати и им помага на многумина да започнат нова кариера.

Реклама

Тања веќе 11 години работи како техничар за маникир, а 6 години како козметичар. Во нејзиниот професионален развој значајна улога имале вистинските ментори, инспиративните луѓе и континуираната едукација. Посебно место во нејзината приказна има Маја Балова, чија поддршка и инспирација биле важен дел од нејзиниот пат.

Сепак, темелот на нејзиниот успех се дисциплината, посветеноста и постојаното вложување во личен и професионален развој.

Покрај работата во козметичката индустрија, Тања е креативна и емотивна личност, а љубовта кон пишаниот збор ја потврдува и како автор на пет збирки раскази. Не го преферира брзиот начин на живот, туку верува во добра организација, баланс и квалитетно искористено време. Патувањата се нејзина голема инспирација, па настојува барем еднаш месечно да открие ново место, нова приказна и нова перспектива.

Реклама

По повод шест години Galaxy Academy Прилеп, разговаравме со Тања за почетоците, обуките, кандидатите, успесите и роденденската прослава што ќе се одржи на 20 јуни.

Galaxy Academy Прилеп одбележува 6 години постоење. Како започна целата приказна и како се развиваше низ годините?

Galaxy Academy започна со една јасна цел – да понуди практична и современа едукација во областа на козметиката и убавината. Сакав да создадам место каде знаењето, убавината и бизнисот си подаваат рака.

Од самиот почеток, нашата визија беше да создаваме професионалци кои ќе бидат подготвени за реалниот пазар на труд. Токму затоа често ја истакнувам разликата помеѓу техничар и артист.

За период од само една година, нашиот Центар за обука и убавина го прошири спектарот на обуки, го зголеми бројот на надворешни соработници и изгради доверба кај кандидатите.

Кои програми се најбарани кај кандидатите?

Најголем интерес има за обуките за техничар за маникир и свилени трепки. Имаме повеќе програми, па кандидатите можат да изберат обука што најмногу одговара на нивните претходни познавања, интереси и цели.

Секоја програма има различни модули.Покрај тоа, нудиме и обуки за масажа, педикир, шминка, депилација и други специјализирани третмани.Кандидатите најчесто бараат програми што им овозможуваат брзо стекнување практични вештини, како и можност за вработување или отворање сопствен бизнис.

Колку е важна практичната работа во процесот на едукација?

Практичната работа е клучниот дел од секоја обука. Теоријата е важна за разбирање на основите, но вистинската сигурност и професионалност се стекнуваат преку практична работа со модели и реални ситуации.Затоа кај нас голем акцент се става токму на практичниот дел. Работиме на модели онолку часови колку што е потребно за кандидатите да стекнат сигурност и самостојност.

Вие сте единствен меѓународно сертифициран ментор по практична настава во Прилеп. Што значи тоа за кандидатите кои се обучуваат кај вас?

Да се биде сертифициран ментор по практична настава претставува признание дека искуството и знаењето можат да се пренесат на структуриран и професионален начин.Оваа сертификација значи дека работам според утврдени стандарди за стручно образование и практична обука, со посебен акцент на развојот на практичните вештини кај кандидатите.

За кандидатите тоа значи дека не добиваат само теоретски информации, туку вистинско менторство низ целиот процес на учење. Секој кандидат има можност индивидуално да напредува, да добие насоки, поддршка и корекција во работата, сè додека не стекне доволна сигурност и самостојност во професијата.

Мојата цел е да создадам професионалци кои ќе бидат подготвени веднаш да започнат со работа или да отворат сопствен бизнис.Во денешно време, кога пазарот бара квалитет, знаење и практично искуство, ваквиот пристап е од голема важност.

Досега имате 167 сертифицирани кандидати. Колку од нив денес работат во струката или имаат сопствен бизнис?

Голем дел од кандидатите денес успешно работат во струката – во козметички салони, спа центри или како самостојни професионалци.Особено ме радува што значителен број од нив отворија сопствени бизниси и успешно ја градат својата кариера. Дел од кандидатите работат и во странство, што за мене претставува огромна потврда дека трудот, знаењето и посветеноста навистина носат резултати.

Што е најголемото задоволство за еден ментор?

Нема поголемо задоволство од тоа да видите како некој што започнал како почетник денес има успешна кариера, задоволни клиенти и сопствен професионален развој. Тогаш знаете дека вашиот труд оставил вистинска вредност.

Покрај обуките во Прилеп, реализирате и теренски обуки во Охрид, Скопје и Гостивар. Каков е интересот во другите градови?

Интересот постојано расте. Секој град има свои специфики, но заедничко е тоа што луѓето сè повеќе ја препознаваат вредноста на стручното образование и практичната обука.

Учествувавте на саем во Солун и на Отворениот ден на средното стручно училиште во Прилеп. Колку ваквите настани придонесуваат за промоција на стручното образование?

Ваквите настани се од исклучително значење затоа што овозможуваат директен контакт со младите луѓе и јавноста.Тие помагаат да се подигне свеста за можностите што ги нуди стручното образование и да се покаже дека со квалитетна обука може да се изгради успешна кариера.

Од секој настан носам нови искуства, но факт е дека учениците се оние кои најбрзо ги следат трендовите и имаат голем потенцијал за развој.

По повод 6 години постоење, организирате роденденска прослава на 20 јуни. Што ги очекува посетителите?

Традиционално, подготвивме дружење, изненадувања, подароци и можност посетителите поблиску да се запознаат со нашата работа.Прославата е начин да им се заблагодарам на сите ѕвезди кои беа дел од мојата галаксија во изминатите шест години – пријатели, клиенти, кандидати и соработници.

Сите заинтересирани кандидати за обуките ќе добијат 10% попуст при склучување договор за која било обука, односно 20% попуст за плаќање во готово.

Главната награда е викенд во Солун за две лица. Како ќе се одвива роденденската лотарија?

Сите посетители ќе можат да учествуваат во роденденската лотарија, која се состои од 200 купони – и сите се добитни.Наградите вклучуваат попусти на услуги, бесплатни услуги, обуки и ваучери. Ќе доделиме и 3 сетови за нега на лице и 2 почетнички сетови за маникир.Купоните посетителите ќе ги извлекуваат сами, а среќата ќе биде во нивни раце. Веројатно најсреќниот добитник ќе биде оној што ќе го извлече викендот за две лица во Солун, кој е главна награда од нашата роденденска прослава.

 

Што би им порачале на сите кои размислуваат да започнат кариера во козметичката индустрија?

Да веруваат во себе и да инвестираат во квалитетна едукација. Козметичката индустрија е во подем и нуди многу можности за професионален и финансиски развој, но успехот доаѓа преку посветеност, континуирано учење и љубов кон работата.

Кои се цените на обуките и од што зависи цената на секоја програма?

Цените зависат од времетраењето на обуката, содржината на програмата, потребните материјали и нивото на специјализација.Секој кандидат добива детални информации за програмата и условите пред да се запише. Цените се јавно објавени на нашите профили на Инстаграм и Фејсбук.

Дали нудите можност за плаќање на рати и други поволности за кандидатите?

Да, се трудиме обуките да бидат достапни за што поголем број заинтересирани кандидати. Затоа нудиме можност за плаќање на 3 месечни рати, како и повремени промотивни понуди и попусти во зависност од програмата и периодот на запишување.Речиси во секој модул имаме и вклучен сет материјали во цената на обуката.

Galaxy Academy Прилеп денес е повеќе од центар за обука и убавина – тоа е место каде кандидатите добиваат знаење, поддршка, практично искуство и мотивација да изградат своја професионална приказна.

Најново

Може ќе ве интересира