Кои се лековитите својства на синиот чај?

Кои се лековитите својства на синиот чај?

Освен што има убава боја, синиот чај се карактеризира и со многубројни лековити својства. Станува збор за чај од сина орхидеја која расте само на Тајланд.

Кои се лековитите својства на синиот чај?

Синиот чај најчесто се консумира во комбинација со ѓумбир, маточина, нане или цимет. Бојата на цветовите варира од бела до сина во зависност од содржината на антоцијанини – антиоксидантски пигменти кои се наоѓаат и во други видови овошје и зеленчук.

Откако ќе се свари, чајот може да ја промени бојата во црвена, виолетова или зелена во зависност од неговата pH вредност. Освен тоа, цветовите на орхидејата се користат и како природни адитиви за боја за храна.

Ова се лековитите својства на чајот:

Богат со антиоксиданси

Антиоксидансите се соединенија кои ги отстрануваат молекулите познати како „слободни радикали“. Премногу слободни радикали во телото можат да доведат до оксидативен стрес кој може да го поттикне развојот на одредени болести. Покрај тоа, антоцијанините се антиоксиданси кои се борат против болестите како срцевите заболувања, дијабетес и одредени видови рак.

Ја подобрува работата на срцето

Синиот чај може да го подобри здравјето на срцето преку регулирање на крвниот притисок и нивото на холестерол. Истражувањата покажале дека екстрактот од сината тајландска орхидеја може да го намали крвниот притисок преку неговите својства за вазорелаксација – проширување на крвните садови со цел да се подобри протокот на крв. Освен тоа, може да се пофали и со антитромботски ефекти. Со други зборови, може да го спречи згрутчувањето на крвта што претставува еден од најголемите ризици за мозочен удар.

Поволен за лекување дијабетес

Синиот чај може да го регулира и нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажале дека екстрактот од сината орхидеја можат да ги инхибираат ензимите за варење. Од друга страна, ова доведува до намалено ниво на шеќер и инсулин во крвта.

Ја подобрува функцијата на мозокот

Истражувањата покажале дека екстрактот од сината тајландска орхидеја може значително да ја подобри меморијата и да го спречи понатамошното губење на меморијата кај пациентите со Алцхајмерова болест.

Можни несакани ефекти

Досега не се забележани несакани ефекти од синиот чај. Сепак, може да предизвика стомачна болка и дијареја доколку се консумира во поголеми количини.

Откако прочитавте за лековитите својства на синиот чај, можеби ќе сакате да прочитате и зошто секојдневно треба да консумирате мача чај.

Извор: healthline.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар