КАФЕ ПАУЗА

Која е највисоката планина во Сончевиот Систем?

Која е највисоката планина во Сончевиот Систем?

Астрономите од крајот на 19 век се сомневале во постоењето на вулканот Олимп на Марс иако немале софистицирана технологија како, на пример, вселенски сонди, за да ги потврдат претпоставките.rnrnКоја е највисоката планина во Сончевиот Систем?rnrnМонт Еверест се издига на височина од 8848 метри и претставува највисоката планина на Земјата. Но, таа не е и највисоката планина во Сончевиот Систем. Оваа титула му припаѓа на вулканот Олимп (латински: Olympus Mons).rnrnСе работи за штитест вулкан во регионот Тарсис на Марс, чие име преведено од латински значи „планина Олимп“. Според податоците на вселенската агенција НАСА, вулканот има дијаметар од дури 624 километри што го прави најголемиот вулкан во Сончевиот Систем.rnrnВо центарот на вулканот се наоѓа калдера (пропаднат кратер) длабок околу 3 километри. Причината за големината на вулканот најверојатно се должи на силната вулканска активност на Марс, различниот тектонски состав и помалата гравитациска сила од онаа на Земјата.rnrnЦрвената планета се карактеризира и со други вулкани како Arsia Mons, Pavonis Mons и Ascreaus Mons кои се помали од Олимп, но сепак подеднакво грандиозни.rnrnНаучниците откриле дека некои делови на вулканот Олимп датираат од пред 2 милиони години, а некои, пак, дури од пред 115 милиони години.rnrnОткако прочитавте за највисоката планина во Сончевиот Систем, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr